
(ВИДЕО) Во Трилинг Со Мециновиќ, Ѓорѓиевски, Шукова и Иванова
Во магазинот „Трилинг“ со кандидатите за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ и потпретседателката на СДСМ Каја Шукова која беше и кандидат за градоначалник на метрополата. За подемот на фриленсерството гостува Елена Иванова од Импакт Фондација. Во рубриката „Знаење што менува“ Дамјан Ѓорѓиевски, Арт Директор во Firebloom publishing, предавач на едукативната програма Passion to Profession во соработка со Македонската унија на гејминг индустријата.
Во магазинот „Трилинг“ со кандидатите за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ и потпретседателката на СДСМ Каја Шукова која беше и кандидат за градоначалник на метрополата.
За подемот на фриленсерството гостува Елена Иванова од Импакт Фондација.
Во рубриката „Знаење што менува“ Дамјан Ѓорѓиевски, Арт Директор во Firebloom publishing, предавач на едукативната програма Passion to Profession во соработка со Македонската унија на гејминг индустријата.

„Мислиме дека најниските задачи ќе се спроведуваат со помош на вештачката интелигенција и овие фриленсери ќе мора да се преквалификуваат. Отвораат сметки во странство и тоа не е за да направат по секоја цена даночна евазија, туку затоа што не можат поинаку да го споведат приливот, вели за „Трилинг“ Елена Иванова, Импакт фондација.

Говорејќи за локалната власт кандидатот за градоначалник на Скопје, Ама Мециновиќ ги повикува граѓаните во вториот круг да му ја дадат довербата, бидејќи, како што вели „ тоа е потребно на Македонија дури и од една побуда за демократизација на целите процеси“.
„Апсолутната власт на ВМРО-ДПМНЕ гледаме дека во изминатите година дена не става во некоја ситуација на подјарменост на сите интереси под интересот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги повикувам отворено, во вториот круг да го дадат својот глас за мене и генерално да се гласа опозициски во случајот на Град Скопје затоа што тоа е потребно на Македонија дури и од една побуда за демократизација на целите процеси.
-ВМРО-ДПМНЕ е урбаната мафија, а тогаш урбаната мафија ќе ни го изготви дупот“, вели Мециновиќ.

За кандидатот градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски нема двојба дека дивоградбите треба да се уриваат, а во ниеден случај нема да дозволи приватизација на јавните претпријатија.
„Јавно претпријатие нема да биде приватизирано од моја страна. Одговорно тврдам.
-Доколку имам ингеренции ќе ги уривам дивоградбите каде и да се“.

„Секако дека секој треба да чувствува лична и морална одговорност после ваков изборен резултат. Јас сметам дека ние сѐ уште треба да работиме на нашата консолидација“, вели потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, осврнувајќи се на последните резултати од локалните избори, каде што и таа учествуваше како кандидатка за градоначалничка на метрополата.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.