(Видео) Во Трилинг со Коневска Руси, Ставров и Бакиу

Во „Трилинг“ ќе гледате одвоени интервјуа со актерката Снежана Коневска Руси лауреат на овогодинешното издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“, Јордан Ставров експерт за хидроенергија и Башким Бакиу од Алијанса на Албанците.

Во „Трилинг“ вечерва ќе гледате одвоени интервјуа со актерката Снежана Коневска Руси лауреат на овогодинешното издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“, Јордан Ставров експерт за хидроенергија и Башким Бакиу од Алијанса на Албанците.

Фото: Трилинг / Снежана Коневска Руси

„Сега си пишувам три улоги. Тоа не се учи. Тоа веројатно го имаш и треба само да го развиваш. Секој актер мора да биде режисер на својата улога.

-Клановите не постојат само во театарот, туку на секое место околу нас. Веќе сум песимист и во однос на целото општество каде што живеам, бидејќи има толку непознавања во однос на историјата, на јазикот.

-Ја држам девизата и на Петре М. Андреевски и на Конески дека детството засекогаш останува во нас, вели Коневска Руси.

Фото: Трилинг / Јордан Ставров

„Градба на пруга. Не може така за таков краток период без истражувачки работи да се влезе во инвестиција. Веќе сме подучени од автопатите што влегуваме така како што влегуваме – без истражни геолошки работи“, смета Ставров, експерт за хидроенергија.

Фото: Трилинг / Башким Бакиу

„Процесот, потегот кој што го направи Таравари му оневозможува во иднина да биде дел од владината коалиција.

-Секогаш постои шанса да се изгласаат уставните промени. Во оваа насока јас мислам дека треба посредништво и некаква гаранција од страна на Европската Унија“, смета Бакиу.

Трите одвоени интервјуа со Коневска Руси, Јордан Ставров и Башким Бакиу гледајте ги вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.