
Македонскиот правосуден систем трн во око на владата, но и под меѓународната дипотрија. Со секоја промена на власта се најавуваат реформи, разрешувања и смени.
Историската изјава на сега починатиот обвинител Прчевски „Јас сум веројатно последната будала што прифатила да биде државен јавен обвинител“, е актуелна и денес. По смената на Прчевски, тогаш дојде Шврговски, него го населди Зврлевски кој беше сменет од владата предводена од СДСМ и ДУИ. Низа критики имаше за работата на Јавниот обвинител Љубомир Јовевески.
Веројатно истата судбината како Прчевски, Шврговски, Зврлевски ќе ја доживее и Љупчо Коцевски кој беше избран во Собранието со мнозинство гласови на СДСМ и ДУИ. Судскиот совет подолг период исто така се соочува со низа на критики до таа мера што премиерот Мицкоски најавуваше и целосно негово распуштање.
Личноста со аутизам поинаку ја доживува околината во однос на просечните луѓе. Тоа влијае на нејзините вештини за комуникација и способноста да се поврзат со другите. Причината за појавување на аутизмот не е позната, но се верува дека улога играат генетските и факторите на околината во појавата.
Точниот податок на бројот на личности со аутизам во Македонија не постои, но според европската статистика се работи за 1% од населението. Меѓу нив повеќе се мажи отколку жени. Аутизмот најчесто се дијагностицира во раното детство помеѓу шестата и дванесетата година. Покрај тоа што денес многумина имаат свест за аутизмот, многу малку луѓе разбираат што значи да се живее како личност со пореметување од аутистичниот спектар.
Во тек сме на нова дебата за изгледот на македонскиот државен грб, негова промена.
Зошто досега парцијално го менувме изледот на таканаречениот социјалистички грб? Што е со лавот во неговата средишница? Каде се изворите на македонското грбословство?
Дали со промената на државниот симбол ќе следува и измени и на штотуку променетите лични документи, пред се пасошот?
Во новото издание на Трилинг гостуваат Александар Камбовски претседател на Судскиот совет, Бојан Шашевски Шаше, родител на дете со аутизам и проф д-р Јован Јоновски хералдичар.
Гледајте „Трилинг“ со Горазд Чомовски вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk