(Видео) Во Трилинг со Ивановска, Ралев и Попоски

🔴 Во Трилинг одвоени интервјуа со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, проф. Мишко Ралев архитект и Филип Попоски машински инжинер. 🔴-Поранешниот градоначалник во Општина Чаир, сега министер за животна средина сам кажа - Јас ги легализирав дивоградбите на Бујар Османи, браќата на Артан Груби изградија дивоградби и на многу други граѓани. Кој покрена нешто по таа негова изјава? 🔴 -За сите овие дивоградби некој свесно прогледувал низ прсти. Ова е едно тотално лудило, затоа што ако вие мора законски да се приклучите на инфраструктурата на градот, како може да се приклучите ако сте дивоградба? 🔴 -Не заминав во странство затоа што таму секогаш би бил странец. Не само културолошки, туку нема да се чувствувам дома.

Во Трилинг одвоени интервјуа со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, проф. Мишко Ралев архитект и Филип Попоски машински инжинер.

Фото: Трилинг / Билјана Ивановска

-Поранешниот градоначалник во Општина Чаир, сега министер за животна средина сам кажа – Јас ги легализирав дивоградбите на Бујар Османи, браќата на Артан Груби изградија дивоградби и на многу други граѓани. Кој покрена нешто по таа негова изјава?

-И ние не добивавме документи од Општина Чаир, дури имавме и прекршочни казни за градоначалникот кој не ни доставуваше документи по други предмети. Не сме далеку од „држава во држава“.

-Срамно е поради нетранспарентност ДКСК да завршува со пресуда на Управен суд кој вели мора да ги дадете податоците. Тоа е недозволиво. И од овој случај со сертификатите ништо не научивме, вели Ивановска.

Фото: Трилинг / Мишко Ралев

-За сите овие дивоградби некој свесно прогледувал низ прсти. Ова е едно тотално лудило, затоа што ако вие мора законски да се приклучите на инфраструктурата на градот, како може да се приклучите ако сте дивоградба?

-Нас ни треба и една градска дисциплина, затоа што граѓаните се отуѓени од градот, смета Ралев.

Фото: Трилинг / Филип Попоски

-Не заминав во странство затоа што таму секогаш би бил странец. Не само културолошки, туку нема да се чувствувам дома, вели Попоски.

Ова е само најава за разговорот со вечерашните гости.

Гледајте „Трилинг“ вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.