
(Видео) Во Трилинг со Елена Петрова директорка на УЈП, Елми Азири потпретседател на Алијанса на Албанците и режисерот Андреј Цветановски
Директорката на УЈП Елена Петрова, Елми Азири потпретседател на Алијанса на Албанците и режисерот Андреј Цветановски се соговорници во новото издание на „Трилинг“ .
Забрзаното покачување на буџетскиот дефицит, поголеми расходи од приходи, колку се зголемени даночните приходи, зошто сивата економија не може да се стави во подносливи граници, за тековните трауми со трагедијата во Кочани, се само дел од темите за кои во првиот дел од магазинот „Трилинг“ разговараме со директорката на УЈП Елена Петрова.

„Вршени се контроли на УЈП и се изрекувани казни. Истражните органи ќе утврдат дали има пропусти од наша страна“
„Од вкупен долг 180 милиони евра, од тој износ 120 милиони евра е долг на околу 100 топ должници“, вели Петрова.

Во вториот дел од „Трилинг“ со потпретседателот на Алијансата на Албанците од Европскиот фронт, Елми Азири, меѓу останатите теми, разговараме за партиско-политички бранувања во албанскиот блок, за можното излегување на Таравари од владината коалиција, за тоа дали ќе дојде ли до старо-нов сојуз Села-Таравари под исто знаме на Алијанса на Албанците, дали Тирана и Приштина го поделија влианието врз политичките сили на Албанците во Македонија?
„Во Македонија се чувствува една тенденција на хомогенизација на македонскиот политички блок. За да функционира државата без тензии, треба да функционира со почитување на волјата на граѓаните и од страна на Македонците и од страна на Албанците“.
„’Македонија повторно твоја и Македонија горда’ мислам дека ова не е најдобар начин за државата да се чувствува горда, за граѓаните да се чувствуваат горди, затоа што оваа држава е на сите граѓани“, вели Азири.

Во третиот дел на „Трилинг“ по битолската премиера на „Црно семе“ разговараме со режисерот Андреј Цветановски.
„Класиката е секогаш современа. Тоа е она што ја прави класика“
„Фрапантно ми е кога ќе разговарам со луѓе од мојата генерација и помлади коишто многу малку знаат за голготата на Егејците“, вели Цветановски.
Директорката на УЈП Елена Петрова, Елми Азири потпретседател на Алијанса на Албанците и режисерот Андреј Цветановски се соговорници во новото издание на „Трилинг“ .
Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.