
(Видео) Во Трилинг со Драган Тилев, проф. д-р Ристеска и Ивановски од „Пакомак“
🔴 -Нема поголем пријател кој ни е неопходен во Европската комисија од комесарот за проширување. Едноставно се работи за разлика во култури, за разлика во перцепција, смета Драган Тилев државен советник за европски прашања. 🔴 - Европската унија во моментов не е спремна за проширување. ЕУ токму затоа и го предложи овој пат на интеграции преку реформски агенди, изјави за „Трилинг“ проф д-р Марија Ристеска, директорка на Центарот за истражување и креирање политики. 🔴 -Кога ќе ја вратиме таа доверба во судство, здравство, социјала и образование пред сѐ тогаш ќе тргне целата држава напред и екологијата ќе биде дел од тоа. По наша проценка само Градот Скопје доколку селектира како што треба може да заработува најмалку милион ипол до три милиони евра годишно од суровините што сега за жал завршуваат на „Дрисла“, вели Филип Ивановски.
Во „Трилинг“ ќе гледате интервјуа со Драган Тилев државен советник за европски прашања, проф. д-р Марија Ристеска директорка на Центарот за истражување и креирање политики и Филип Ивановски извршен директор на „Пакомак“.

-Нема поголем пријател кој ни е неопходен во Европската комисија од комесарот за проширување. Едноставно се работи за разлика во култури, за разлика во перцепција, смета Драган Тилев државен советник за европски прашања.
-Доколку се додаде додавката „современ, бидејќи во тој случај ќе се проблематизира генезата, историјата, коренот на нашите идентитетски обележја, додава Тилев.

– Европската унија во моментов не е спремна за проширување. ЕУ токму затоа и го предложи овој пат на интеграции преку реформски агенди, изјави за „Трилинг“ проф д-р Марија Ристеска, директорка на Центарот за истражување и креирање политики.
-Билатералниот договор со Бугарија ја поставува Македонија во една позиција којашто е невозможна во преговорите со ЕУ да го одбрани идентитетот, цени Ристеска.

-Кога ќе ја вратиме таа доверба во судство, здравство, социјала и образование пред сѐ тогаш ќе тргне целата држава напред и екологијата ќе биде дел од тоа. По наша проценка само Градот Скопје доколку селектира како што треба може да заработува најмалку милион ипол до три милиони евра годишно од суровините што сега за жал завршуваат на „Дрисла“, вели Филип Ивановски извршен директор на „Пакомак“.
Интервјуата со Драган Тилев државен советник за европски прашања, проф. д-р Марија Ристеска директорка на Центарот за истражување и креирање политики и Филип Ивановски извршен директор на „Пакомак“ гледајте ги вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.