(Видео) Во Трилинг со Димитровски, Хајредини и Ксенија Николова

Заменик министерот за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски , Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии и писателката и инфлуенсерка Ксенија Николова гостуваат во новото издание на магазинот „Трилинг“.

Дали надвор од одговорот со Велика Британија, властите во Скопје би прифатиле отворање на бегалски кампови ако официјален Лондон го побара тоа од нас?
Кои се креативните дипломатски решенија што македонската страна ги нуди за деблокада на евроинтегративниот пат? Какви се шансите за репреговарање на договорот со Бугарија?

Ќе успеат ли напорите Европскиот Парламент да усвои резолуција со која се признава македонскиот јазик и идентитетот? Интервју со Зоран Димитровски заменик министер за надворешни работи и трговија.

Зошто од бомбастично најавуван стратешки договор сега тој е класичен финансиски дил во кои не е најјасно финансискиот менаџмент-кој и како ќе ги трансферира парите, колкава камата, рок на отплаќање? Дали мистичност е како од времето на аранжманот со „Бектел и Енка“ или Тајванскиот договор на Георгиевски и Тупурковски со признавање на Тајван?.

Беше критичен кон предлогот Ставревски да биде гувернер на НБРМ, дали со тоа му го отвори патот на Славески да ја наследи Бежовска? Можно ли е Таравари со ДУИ да отвара врата за нова коалиција со ВМРО-ДПМНЕ? Колкав е капацитетот на ВРЕДИ во политичкото етаблирањето во албанскиот електорат?

Гостин екс министерот за финансии Џевдет Хајредини.

Ксенија Николова писателка инфлуенсерка , девојка која за првпат јавно проговори за проблемот со неплодноста и неколкуте неуспешни Ин Витро обиди.

Фото: Трилинг / Зоран Димитровски

„Тоа не се директно нивни пари на сметка кои тие веднаш ќе ги префрлат, тоа се финансиски институции и фондови коишто ќе учествуваат во финансирањето.

-Иста таков договор каков што Македонија има потпишано со „Фронтекс“, во таков контекст се разговара и со Велика Британија за нивно учество, бидејќи сега тие се надвор од ЕУ.

-Доколку официјален Лондон побара од нас градење на бегалски кампови ние таква клаузула не би прифатиле.

-Со добра волја една политичка средба меѓу дете влади на којашто ќе видиме до каде се меѓусебните односи како добри соседи, може да напишеме и еден нов протокол“, вели заменик министерот за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски.

Фото: Трилинг / Џевдет Хајредини

„Конспирации може да има, но тие се врзани со политики. Се гледа дека овде корупцијата метастазирала во сите пори на општеството и ноа не е моја констатација.

-Најскапа цена плати СДСМ што дозволи некој да игра фудбал а да вика дека Албанците се со нив афирмирани“, смета Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии.

Фото: Трилинг / Ксенија Николова

„Животот знае да ни мавне шлаканица секојпат кога мислиме дека знаеме се и одново да не прати на клупа за пак да учиме“, вели писателката и инфлуенсерка Ксенија Николова.

Ова е само најава за разговорот со вечерашните гости.

Гледајте „Трилинг“ вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.