
(Видео) Во Трилинг со градоначалникот на Кочани Крстевски, пратеничката Зајкова и проф. Маршавелски
Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски, Моника Зајкова претседателка на ЛДП и Александар Маршавелски универзитетски професор на Правниот факултет во Загреб соговорници во новото издание на „Трилинг“.
Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски, Моника Зајкова претседателка на ЛДП и Александар Маршавелски универзитетски професор на Правниот факултет во Загреб соговорници во новото издание на Трилинг.
„Моментално во оваа точка каде што сега се наоѓа градот Кочани, не се наоѓа ниту една општина или град во целиот регион. Загрижува игнорантскиот однос на институциите, на владата. Посебно ќе го потенцирам игнорантскиот однос од Министерството за финансии.
-Игнорантскиот однос не е само кон мене како градоначалник, тој однос е спрема целиот град“, вели в.д градоначалникот на Кочани Венко Крстевски.
„Сите декларативно се за една изборна единица, меѓутоа кога ќе дојде да се покаже на дело работите излегуваат на друг начин.
-Се додека секој од нас го говори македонскиот јазик, ги учи своите деца да го говорат македонскиот јазик, сметам дека јазикот секогаш ќе живее“, вели пратеничката и претседателка на ЛДП Моника Зајкова.
„Постигнавме добро ниво на ефикасност во Хрватска, но квалитетот сѐ уште не е подобрен. Уште треба и Хрватска да работи пресудите да бидат поквалитетни за граѓаните да веруваат дека правдата е постигната, смета универзитетски професор на Правниот факултет во Загреб Александар Маршавелски.
Трите одвоени интервјуа со Крстевски, Зајкова и Маршавелски гледајте ги вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.