
Во „Трилинг“ гостуваат пејачот и композитор Владо Јаневски, Виктор Мизо претседател на Советот на странски инвеститори и Дејан Мираковски ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

„Ако не го уловиш моментот на Божјо провидение, кога некој мистериозен канал ти пушта некоја убава идеја за песна, за албум, за книга, за слика, ако не го фатиш моментот тој ќе пројде.
-Јас не гледам ништо лошо во тоа што мојата формула за среќа не се поклопува со туѓата“, вели пејачот и композитор, Владо Јаневски.

„Лошо е за било која држава кога имате повлекување на странски инвеститори, без разлика на причината.
-Мислам дека државата не се фокусира толку на привлекување на странски инвестиции како во еден поизминат период“, смета претседателот на Советот за странски инвестиции, Виктор Мизо.

„Не сметам дека бројот на факултетите е критичен. Критично е квалитетот што го нудат факултетите и нивниот производ.
-Не би рекол дека е лесен патот да магистрираш, докторираш. Зависи каде магистрирате и каде докторирате.
-Јадрото од дискусиите кои до сега се искристализираа не се негативни за воведување на соодветни услови, такви кави што има во другите држави, за да избере квалитетен наставно-научен кадар“, вели Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.