(ВИДЕО) Во Трилинг за подемот и падот на економијата, за СДСМ, ДУИ, ВЛЕН и Цеца

Извештајот на ЕК за стагнацијата на државата во клучните области, економско-финансиската состојба, апсолутниот триумф на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, но и за колапсот на СДСМ и ДУИ се дел од темите кои се во фокусот на интервјуата со проф. Никола Поповски и Изет Меџити градоначалник на Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН. Дали српската музичка ѕвезда Цеца провокацијата со бугарското знаме ја направи свесно и безгрижно? Дали се работи за свесна анти-бугарска провокацијата? Што ќе се случеше ако Цеца на Маракана развиореше знаме на Косово или Албанија? Разговор со новинарот Антонио Димитриевски.

➡Извештајот на ЕК за стагнацијата на државата во клучните области, економско-финансиската состојба, апсолутниот триумф на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, но и за колапсот на СДСМ и ДУИ се дел од темите кои се во фокусот на интервјуата со проф. Никола Поповски и Изет Меџити градоначалник на Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН. ➡Дали српската музичка ѕвезда Цеца провокацијата со бугарското знаме ја направи свесно и безгрижно? Дали се работи за свесна анти-бугарска провокацијата? ➡Што ќе се случеше ако Цеца на Маракана развиореше знаме на Косово или Албанија? Разговор со новинарот Антонио Димитриевски.

Фото: Трилинг / проф. Никола поповски

„Најновиот извештај на Европската Комисија е најлошиот во историјата на овие 20 години. Ова можеше да се очекува затоа што во минатата ипол оваа Влада јасно стави до знаење дека отстапките за промена на Уставот нема да ги направи во корист на почнување на преговорите.

-Дури и цврсто беа соопштени од нашиот премиер дека нема отстапување. Тоа влијаеше на Брисел да нема апетит за преговори со Македонија понатаму додека не се исполни предусловот, а во Македонија, за жал, предизвика немање интерес за усогласување со разни поглавја, акти. Логична последица на тоа е- дека после една година нема напредок. Дури и сме во најниската група што може да пристапи кон Европската Унија“, изјави за магазинот „Трилинг“ екс-спикерот на Собранието, поранешен министер за финансии и еден од основачите на СДСМ, Никола Поповски.

Фото: Трилинг / проф. Никола поповски

Прашан дали проблемот со Бугарија го користиме како алиби за неспособноста или немањето капацитет во исполнувањето на реформската агенда, Поповски вели дека Владата свесно го прави тоа.

„Во моментот кога не прифати да прави компромис со Уставот, она потсвесно прифати дека нема ни потреба понатаму да се усогласуваме, зошто нема ни да преговараме, за разлика од Црна Гора и Албанија кои активно преговараат неколку години и кои заради тоа се во активна кондиција со фаќање на стандардите на ЕУ.

-Ние тие стандарди не ги исполнуваме, бидејќи ние немаме ни почеток на преговорите. Комесарката Марта кос ни даде отрезнување – Македонија нема напредок и е заедно со Србија, Босна, Косово и Турција, а замислете напредокот го направиле Молдавија и Украина. Тоа значи дека ние и во Западен Балкан сме во втората лига. Сметам дека полека перспективите згаснуваат свесно“, вели Поповски.

Тој смета дека со потпишувањето на Договорот со Бугарија не се обезбедиле заштитени механизми, а потоа дојде „Францускиот предлог“ кој го „дозабетонира“ лошото позиционирање во однос на Бугарија на ЕУ-сцената.

„Тоа се две грешки коишто СДСМ уште ги плаќа. Сега ВМРО-ДПМНЕ ја „бетонира“ својата улога на непопустливост“, вели Поповски.

Говорејќи за економијата, Поповски смета дека ни се потребни посериозни стапки на раст.

За фијаското после локалните избори Поповски вели:

„СДСМ има серија на грешки. Треба да се соочат со себе, а тоа они не го прават“, вели Поповски.

Фото: Трилинг / Изет Меџити

„Сликата да се наметнам за нов градоначалнички мандат ја наметна ДУИ. Сега одиме на локални решенија, локални теми. Тие цело време играа на легитимитет, на референдум, на голем српски свет, за сѐ и сешто. Моментот кога нивна цел беше Тетово, посебно Чаир, ние одговоривме на овој предизвик. Резултатот е тој во корист на ВЛЕН“, вели за магазинот „Трилинг“ еден од фронтмените на Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, кој важи за еден од најзаслужните за Коалицијата ВЛЕН.

„Ниту Али Ахмети, ниту некој друг од ДУИ не ни ја честитаа победата. Ни јавно, ни приватно“, вели Меџити.

На прашање дали е ова почеток и крај на демонтажата на Ахмети, Меџити смета дека крајот е од поодамна, односно пред т.н „Огнената револуција“

„Меѓународниот притисок, домашната јавност се едни од причините заради кои влеговме во Влада со Заев. И тогаш постоеја превирања во ДУИ“, вели Меџити.

„Сега за жал ДУИ веќе нема капацитет за реформи. Ги „изгоре“ сите играчи, сега се сами, немаат играчи за битки и мислам дека сигурно одат на патот кон „ПДП“.

Меџити не гледа проблем во прекројување на парламентарното мнозинство.

„И до сега не беше проблем, но од сега сметам дека „Бадентер“ ќе биде со мнозинството.

Говорејќи за последниот Извештај на ЕК околу системските недостатоци и целосната стагнација на државата, Меџити смета дека е потребна сериозна анализа и во однос на заклучоците да се преземат одредени мерки.

„Мислам дека забелешките постоеле за подобрување на системот. Владата се соочи со лошо владеење и нејзините последици. Сега ќе имаме постабилен терен да се посетиме на евроинтегративниот процес“, потенцира Меџити.

Фото: Трилинг / Антонио Димитриевски

„Цеца не е било кој. Колку и да сака да се пере дека не ги знае односите помеѓу Бугарија и Македонија, дека не следи политика ни дома ни во соседството се изгвори за мали деца“, вели за магазинот „Трилинг“ долгогодишниот менаџер, новинар и продуцент Антонио Димитриевски.

„Генерално, кога одиш да натапуваш знаеп и каде и пред која публика настапуваш. Не велам дека бил свесен потегот. Дури и самиот сум убеден дека тоа било подметнато, но кога ќе го видиш знамето, а знаеш каде си, треба да го направиш тој потег, да го вратиш во публика или да го додадеш некому да го тргне настрана“, вели Димитриевски.

Фото: Трилинг / Елена Димовска

Во време кога Вештачката интелигенција го менува светот, една Македонка чекори меѓу светските лидери во технологијата.

Работејќи низ нај престижни светски компании, Елена Димовска е пример дека може да се стаса до врвот.

Погледнете го разговорот со Елена Димовска, сертифициран Microsoft тренер, раководите на одделот Data и Вештачка интелигенција во Семос Едукација.

Интервјуата со Горазд Чомовски погледнете ги во видеото