(Видео) Во Трилинг за задолжувањата и судството, со академик Беџети, Димовска и Бужаровски

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат академик Абдулменаф Беџети, судијката Антоанета Димовска член на Судскиот совет и проф. д-р Стефан Бужаровски академик во Академијата во Велика Британија.

Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат академик Абдулменаф Беџети, судијката Антоанета Димовска член на Судскиот совет и проф. д-р Стефан Бужаровски академик во Академијата во Велика Британија.

„Може да се оцени како добар аранжман со еден од најзначајните пазари на капитал во светот, изјави за магазинот „Трилинг“ академик Абдулменаф Беџети околу потпишаниот финансиски договор со Велика Британија со кредитен аранжман од 6 милијарди евра во рамки на стратешкото партнерство.

-Таму се вели до 85% извозните компоненти од аранжманите би требало да бидат од Велика Британија. Ова е доста ризична компонента бидејќи не ограничува. . Тоа може да биде голема ограничувачка компонента во делот на импактот на развојот и растот кај нас, потенцира академик Абдулменаф Беџети.

На прашањето дали препознава консолидација на македонската економија Беџети истакнува дека не спаѓа во тој дел на такви оптимисти.

„Управниот суд де факто реши во моја полза, но можеби и ми ускрати можеби и право. Оваа одлука треба да ни биде порака дека мора судовите да имаат сенс кои предмети мораат итно да се решаваат. Јас воопшто не знам од каде произлезе дека судството има доверба од 2%. Се сомневам во таа анкета и сметам дека не е точна, вели судијката и член на Судскиот совет Антоанета Димовска.

„Како ќе се менаџира демографскиот елемент е апсолутно клучно во овој период бидејќи има страшен притисок врз пазарот на труд. Веќе компаниите не можат да најдат работници.

-Не делуваме добро. Сѐ уште се гори јаглен, сѐ уште имаме гас, испуштаме стакленички гасови, возилата што ги возиме се на нафта. Тоа требаше да престане вчера!, вели проф. д-р Стефан Бужаровски академик во Академијата во Велика Британија.

Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.