(Видео) Во Трилинг вечерва со Унковски, Шербеџија, Ристоска и Аврамовски

Вечерва во „Трилинг“ со Георги М. Унковски, режисер и сценарист, актерката Тамара Ристоска, Раде Шербеџија, актер, режисер и музичар и Дарко Аврамовски од „Коалиција за правично судење“.

Вечерва во „Трилинг“ со Георги М. Унковски режисер и сценарист, актерката Тамара Ристоска, Раде Шербеџија актер, режисер и музичар и Дарко Аврамовски од „Коалиција за правично судење“.

Фото: Трилинг / Георги М. Унковски

„Многу ги интересира да погледнат филмови кои не се вклопуваат во таа матрица на американски филм и сето тоа го прави „Диџеј Ахмет“ возбудлив за американската публика.

-Разочарувањето е присутно и е една од причините за апатичноста и бесперспективноста. Но, ги имаме луѓето, го имаме талентот, оној кој сѐ уште е останат и не е пребеган во Србија, каде што голем дел од нашите професионалци веќе наоѓаат спас, изјави Георги М. Унковски, режисер и сценарист.

Фото: Трилинг / Тамара Ристоска

„Јас кастингот сум го добила, затоа што некој во мене го видел талентот и го видел тоа што му треба и тоа што го бара“, вели актерката Тамара Ристоска.

Фото: Трилинг / Раде Шербеџија

„Ќе создадеме супер човек од камен, од железо, од жица, од магнет, но без срце. Еднаш кога накратко ќе ја изгубиш татковината што си ја нарекувал своја татковина, стануваш странец во светот. И тие бури се се посилни и посилни. И жетините се пожешки и пожешки. И тие војни се полоши и полоши. Ккао луѓето да го губат тлото под нозете“, смета Раде Шербеџија, актер, режисер и музичар.

Гледајте го новото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот „Трилинг“, како и на порталот triling.mk