Јована Атески, Маркетинг Директор на Semos Education, во краткото едукативно видео, ја обработува темата:
Насочено учење со ментори vs. самоук пристап- тема која е особено важна за сите што сакаат да напредуваат, но не знаат како правилно да го започнат процесот.
Во видеото Јована објаснува:
• Зошто структурираното учење создава побрзи и појасни резултати,
• Како менторската поддршка го скратува патот до професија,
• И кои се најчестите грешки кај луѓето што учат сами без насока.
-Сите имаме пристап до илјадници онлајн материјали, видеа и туторијали. Тоа е супер, но многу брзо можеш да се изгубиш. Учиш парцијално, без структура и без јасен пат. А ако учиме сами најчестата грешка е што не знаеме што не знаеме. И затоа често гледаме луѓе коишто вложиле месеци самостојно, а сепак не можат да го состават целосниот скил сет што реално им е потребен за работа.
-Зошто учењето ментор прави 10 пати поголема разлика? Кога учите со ментор, учите со човек кој тој пат веќе го поминал, кој знае што е важно, што да избегнете, како да притиснете повеќе, а кога да застанете и да ги совладате основите. Менторот не ви држи само предавање, тој ви е водич, ви дава структура, насока, проверка на задачите, реална повратна информација, нешто што ниедна видео лекција не може да ви го даде. А најважно, кога ќе заглавите не трошите недели барајќи решение. Менторот ве враќа на патот за три минути.
-Во реалниот свет менторите градат професионалци, не аматери.
-На крајот од денот компаниите не бараат само знаење, бараат способност да решаваш проблеми, а тоа се учи единствено прек работа на реални проекти, практични задачи, учење од човек што работи во индустријата.
-Во Семос Едукација токму тоа го нудиме – учење директно од практичари кои секој ден работат во компаниите што студентите утре сакаат да бидат дел од нив.
-Зошто насоченото учење вреди повеќе? Денес знаеме дека времето е најголемата валута. Можете сами да учите со месеци, па и со години, или пак можете да учите насочено со јасен план, со поддршка, со проекти и со луѓе што се тука за вас, од првиот ден до првиот вработувачки договор. Нашата мисија во Семос Едукација е токму тоа – да градиме кариери, не само знаења.
-Ако некогаш сте се прашале да почнете, можеби токму овој разговор е вашиот знак. Учете со ментори, градете структура и одете напред многу побрзо.
Целото обраќање погледнете го во видеото