(ВИДЕО) Во „Знаење што менува“ со Марко Серафимовски, сениор директор во Семос Едукација
➡Во време кога дигиталната трансформација е клучна за секој бизнис, најсилната алатка што ја имаме е знаењето. А кога зборуваме за продуктивност, комуникација и ефикасност, зборуваме за Microsoft 365. Марко Серафимовски, сениор директор во Семос Едукација со повеќе од осум години искуство во развојот на IT програми, ќе ни открие зошто М365 не е само сет на апликации туку целосен еко систем што го менува начинот на кој работиме, соработуваме и учиме.
Во време кога дигиталната трансформација е клучна за секој бизнис, најсилната алатка што ја имаме е знаењето. А кога зборуваме за продуктивност, комуникација и ефикасност, зборуваме за Microsoft 365. Марко Серафимовски, сениор директор во Семос Едукација со повеќе од осум години искуство во развојот на IT програми, ќе ни открие зошто М365 не е само сет на апликации туку целосен еко систем што го менува начинот на кој работиме, соработуваме и учиме.
За моќта на знаењето и технологијата што ги поврзува луѓето, во рубриката „Знаење што менува“ со Марко Серафимовски.
-Колку од вас можат да се пофалат дека користат Micorsof Office алатки? Она што сме сигурни и може да го потврдиме е дека со овие алатки се сретнавме пред децении и сѐ уште се дел од нашиот секојдневен бизнис. Она што малкумина го знаат е дека покрај познатите Word, Excel, PowerPoint и Outlook, Microsoft создаде нов производ кој што го нарече М365 односно го збогати портфолието на Office алатки со познатите или можеби помалку познатите Microsoft Teams, OneDrive, OneNote, Planer, SharePoint и многу други.
-Она што е многу важно да се напомене е дека голем дел од компаниите коишто денес користат Office 365 или Microsoft 365 и Office алатки, веќе ги поседуваат и претходно споменатите, но не се свесни за тоа и не ги искористуваат максимално како што можат.
-Од голема важност е да се напомене дека ова се производи коишто не чинат многу пари, функционираат на модел на претплата и тоа би значело дека компаниите не го плаќаат производот доколку не го користат.
-Бенефитот за една компанија да се користи ваква алатка е тоа што е многу погодна за микро и мали претпријатија, бидејќи тие се најчесто тие кои бараат производ којшто е готов, а не е некое софтверско решение коешто ќе чини многу пари и ќе трае многу време да се подготви за нив.
-Живееме во многу динамична средина. Денешницата е многу брза, се бара многу брзо да се одговори на барањата на клиентот, на нашите партнери, соработници и токму Office 365, M365 пакетот е тој којшто ова им го овозможува на компаниите и на вработените во тие компании.
-Забележавме дека компаниите или го поседуваат, ги поседуваат овие алатки или не ги поседуваат, а гледаат потреба од зголемување на продуктивност, брзина и ефикасност во соработка, испраќање на документи, работа на заеднички документ и со таа цел креиравме програма во Семос Едукација којашто на овие заинтересирани страни би им помогнала практично да осознаат како може да се служат со овие алатки и како можат да си ја зголемат продуктивноста на дневно ниво.
-Достапни се податоци околу овие алатки и како они реално му носат бенефит на работодавачот, на компанијата. Податоците велат дека отприлика два часа дневно еден вработен би заштедил со користење на овие алатки, би ја зголемил својата продуктивност и ако земеме некој тим којшто би ги користел и би соработувал преку истите, тоа се отприлика некои 40 часа неделно коишто се заштедуваат од работното време на еден тим, што е импресивна бројка ако земеме предвид дека за тие 40 часа може да се сработи нешто друго, може да се работи на друг проект, на друга работна задача.
-Што ви нуди М365 или Office 365 пакетот на вас и на вашата компанија? Ви нуди зголемена продуктивност, побрзо извршување на задачите.
-Земајќи ги предвид сите овие факти би напоменал дека доста компании веќе се дел од оваа обука, од оваа програма, ја следат, затоа што увидоа реален бенефит од посета на истата и од користење на овие алатки. Она што би го напоменал е дека секојдневното губење на време може да застане токму со користење на овие алатки и со оваа обука.
Целото обраќање на Марко Серафимовски, сениор директор во Семос Едукација, погледнете го во видеото.