(ВИДЕО) Во „Знаење што менува“ со Дејан Вакански, сертифициран тренер по Microsoft во Семос Едукација

➡Со добра анализа на податоци не го гледаме само она што се случило… туку и она што допрва ќе се случи. Податоците ја предвидуваат иднината многу пред да ја почувствуваме. ➡Во светот каде што податоците креираат иднина, Дејан Вакански, сертифициран тренер по Microsoft во Семос Едукација, е архитект на трансформацијата. ➡Со 24 години професионално искуство и повеќе од 14 години како Microsoft Certified Trainer, тој е човекот кој стои зад развојот на клучни системи што ја модернизирале работата на институциите и компаниите во Македонија. ➡За него, податоците не се бројки. ➡Тие се приказни, можности и решенија. ➡Таму каде што Data Science и вештачката интелигенција се спојуваат – таму е Дејан.

Со добра анализа на податоци не го гледаме само она што се случило… туку и она што допрва ќе се случи. Податоците ја предвидуваат иднината многу пред да ја почувствуваме.

Во светот каде што податоците креираат иднина, Дејан Вакански, сертифициран тренер по Microsoft во Семос Едукација, е архитект на трансформацијата.

Со 24 години професионално искуство и повеќе од 14 години како Microsoft Certified Trainer, тој е човекот кој стои зад развојот на клучни системи што ја модернизирале работата на институциите и компаниите во Македонија.

За него, податоците не се бројки.

Тие се приказни, можности и решенија.

Таму каде што Data Science и вештачката интелигенција се спојуваат – таму е Дејан.

Во „Трилинг“ тој ќе зборува за моќта на анализата на податоците, за тоа како компаниите можат да носат попаметни одлуки, побрзи реакции и подобри резултати – и како секој бизнис може да извлече вредност од податоците што веќе ги има.

-Последниве неколку години сите сме сведоци за појавата на вештачката интелигенција и нејзиното масовно влегување во скоро сите сфери на работењето. Тука се пред се алатките коишто со помош на таа генеративна вештачка интелигенција придонесуваат на наше барање да добиеме одговор од некој machine leralning алгоритам. Data Science професијата како и дата сајнтистите нормално не се имуни на оваа појава и во оваа област постои енормно голема промена во начинот на работење и создавање на финалните продукти.

-Претходно, пред само неколку години дата сајнтистите трошевме некогаш можеби и повеќе од 80% од вкупното време потребно да се развие еден продукт на неколку основни и многу важни задачи. Тоа беа прочистување на податоци, нивна трансформација и креирање односно програмирање, пишување на комплексен код за креирање на еден модел прототип. Токму овие задачи сега веќе се адресирани до вештачката интелигенција, односно алатките преку коишто таа навлегува во нашето работење. Со други зборови кажано, сите овие задачи полека но сигурно веќе се предаваат на алатките за вештачка интелигенција.

-Според сето ова што го кажавме до сега, повлекува дека професијата Data Science ќе се трансформира. Тоа е неминовно. Прашањето е на кој начин. Ако алатките за вештачка интелигенција се воведуваат за да се забрза и олесни пред сѐ кодирањето и оние автоматски репетативни задачи како што е чистење на податоци и нивна трансформација, тогаш што ни останува нам на дата сајнтистите?

-Јас велам дека дата сајнтистите веќе полека, но сигурно почнуваат да е трансформираат во модел Стјуарди. Тоа се луѓе, професионалци коишто ќе имаат многу одговорна задача да го евалуираат резултатот од тие модели, да направат проценка на етичноста на резултатот и да резултатот го мапираат односно асоцираат со бизнис барањата..

-Со воведувањето на ВИ се случува креирање, настанување на едно партнерство помеѓу човекот и вештачката интелигенција, односно машините. Тоа партнерство претставува симбиоза, симбиоза којашто ги обединува најдобрите работи од двата различни светови. Најпрвин тука се машините, односно тие machine learning алгоритми. Тие се способни да донесат, односно да вратат еден точен резултат, прецизен, да испроцесираат огромен број на податоци, додека пак човекот е тука да ја направи таа контрола и да го направи мапирањето на резултатот со бизнис целите.. Ова е нешто што се случува и се поинтензивно ќе се случува во блиска иднина.

-Ако ги следиме случувањата на полето вештачка интелигенција и data science, ќе забележиме дека се почесто се појавува потреба од нови улоги, и можам слободно да кажам надградба или преквалификација на дата сајнтистите со нови знаења и нови вештини. Така на пример се почесто се појавува потребата од т.н промпт инженер. Промпт инженер може да биде и посебна улога во бизнисот, меѓутоа за дата сајнтистот тоа апсолутно значи дека и дата сајнтистот ќе мора да стане еден вид на промпт инженер. Промпт инженерот ќе ја има улогата да напишете инструкции, односно упатство кога поставува прашањето до алатката за ВИ како таа би можела што од другата страна се очекува како резултат од неа и да може да врати точен и прецизен резултат. Токму тоа ќе биде една од водечките и најбараните карактеристики на еден дата сајнтист промпт инженеринг.

-Може да заклучиме дека иднината им е обезбедена само на оние професионалци, вклучувајќи ги тука и нормално дата сајнтистите, коишто ако не почнале што поскоро ќе започнат да ги користат алатките за вештачка интелигенција и да се прилагодат да работат рамо до рамо со компјутерите.

-Токму поради тоа, ние во Семос едукација ги обучуваме нашите слушатели да може да работат како Data Scientist но со користење на современите AI алатки. Само така ќе бидат компетентни на пазарот на трудот.

Целото обраќање на Дејан Вакански, сертифициран тренер по Microsoft во Семос Едукација погледнете го видеото.