(Видео) Во акција на Европол, разбиена албанска мафија во повеќе европски држави
Во заедничка акција на Европравда, Европол и органите на прогонот во Германија, Италија и Холандија разбиена е мрежа на шверцери на дрога главно составена од албански државјани, а во таа прилика беа уапсени 35 осомничени и претресени 51 место.
Имале повеќе логистички бази, каде се чувале наркотични материи и приноси од казниво дело, а таму можеле да се сретнат соработници во криминалната мрежа.
Трговците со дрога поседуваа голема флота возила опремени со софистицирани скриени прегради, мобилни телефони опремени со шифрирани апликации за пораки и други комунални услуги.
🚨 132 ‘Ndrangheta mafia members arrested after investigation by Belgium, Italy & Germany.
👮 Europol & @Eurojust supported the international operation, which is the largest-ever coordinated hit against Italian organised crime.
Press release ⤵️https://t.co/QSwiY6Cupm#EMPACT pic.twitter.com/xwsXrE63Wi
— Europol (@Europol) May 3, 2023
Според истрагата, во периодот од март 2020 година до јуни 2021 година, криминалната мрежа најмалку 36 пати увезла стока од вкупно еден тон кокаин и еден тон хашиш.
Овие супстанции би донеле повеќе од една милијарда евра на дистрибутивниот пазар.
Во текот на истрагата запленети се повеќе од еден милион евра во кеш.
Еуројуст им помогна на властите на споменатите земји во формирањето и финансирањето на заеднички истражен тим за случајот.