(Видео) Вовед во вечерашното издание на Трилинг: Од нашите политичари зависи иднината на земјата, ако ја сакаат!
Пред повеќе од една деценија Стипе Месиќ во Скопје кротко побара властите да ги споменат и Хрватите во македонскиот Устав.
Поради реципроцитет. Повтори и актуелниот премиер Пленковиќ по последната средба со Ковачевски.
Македонците се одамна во хрватскиот Устав, заедно и со одвај околу 500 Бугари што се населени во таа земја. Дури и без реципроцитет.
Од тогаш, повеќе од една деценија траат и размислите во македонската контитуција да се запишат, да се вградат – покрај Хрватите, Црногорците, но и Бугарите, па и Торбешите, Египјаните. Камо среќа да бевме пред времето.
Но македонското проклетство е кога се пропушта тајмингот.
Најновата несмасна анкета покажува дека наводно Србите се најпријателски народ за Македонците.
Анкетарите и нарачателите заклучуваат дека Бугарите не ни се пријатели.
Српската медиумска окупација продолжува. Затоа и Груевски од Белград праќа порака. Мијалков го женеше синот со српските топ ѕвезди, меѓу кои и Цеца Ражњатовиќ.
Па зарем Германија не беше фашистички окупатор и во Македонија.
Денес Германија е наш прв трговски партнер со над 4 милијарди евра годишна размена и над 250 илјади работници од Македонија.
Официјален Берлин сега ја посакува Македонија во ЕУ и е клучен лобист во Брисел.
Од нашите политичари зависи иднината на земјата. Ако ја сакаат.
Ако не, ќе царува подземјето и високата корупција.