(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ секогаш велело не кога треба да се донесат одлуки важни за државата“, вели Иванов

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш велело не кога треба да се донесат одлуки важни за државата“, вели новинарот Зоран Иванов вечерва за Канал 5.

Пораката на Шарл Мишел е охрабрувачка. Македонија реално може да стане дел од ЕУ до 2030 година. Уставните измени се шанса Македонија да направи голем чекор напред кон Брисел, вели Иванов во врска со пораката што на Бледскиот форум ја испарати претседателот на Советот на Европа.

Власта потфрли во борбата против криминалот и корупцијата, а затоа и тешко ѝ оди во убедувањето на граѓаните дека уставните измени се добро за државата, вели Иванов на прашањето како е можно да се изгласаат уставните измени во Собранието. .

ВМРО-ДПМНЕ секогаш велело не кога треба да се донесат одлуки важни за државата. Потрено е да се најде решение за и тие да ги поддржат измените, рече Иванов.