(Видео) Влатко Ѓорчев бил во Вашингтон да моли да не ја рушат владата на Груевски

Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, го прочита неговото име во поткастот на Тим Пул, а сега излезе и видео на кое таа го соопштува неговото име и фотографија.

Влатко Ѓорчев, активист на ВМРО од дете, и поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е Македонецот кој во 2016 година ги молел властите во САД да не ја рушат Владата на тогашниот македонски премиер Никола Груевски.

Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, го прочита неговото име во поткастот на Тим Пул, а сега излезе и видео на кое таа го соопштува неговото име и фотографија.

Таа првично не можеше да се сети на името на човекот кој бил избран службени во македонската влада, но го опиша како висок и со типичен лик на источноевропеец. Човекот дошол во нивната канцеларија и молел: „Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“.

Подоцна, во текот на поткастот, Кетрин О Нил го пронајде Владимир Ѓорчев на фотографија на сајтот на македонското Собрание и потврди дека тој е човекот кој во 2016 година се сретнал со нејзината шефица за време на молитвениот појадок.

О Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД.

Ѓорчев, лани во септември, е именуван за национален координатор за демографија и млади, со плата од 2 илјади евра.