
(Видео) Владата се премисли, ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“
Владата се премисли и на вчерашната седница одлучи да ја повлече одлуката за спојување на двете концесии на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица“. Министерот за економија смета постапувале според зконот и дека сега на потег се државните институции кои мора да донесат издржан правен акт со кој ќе се поткрепи оваа одлука и ќе биде основ за натамошните дејства на Владата, но и ќе се спречи евентуален арбитражен спор кој може да ја чини државата стотици милиони евра, објави Телма.
Министерот Бектеши кажа дека Министерството за економија има различен стави смета дека е погрешно повлекувањето на одлуката за спојување на концесии која има политичка позадина но ќе ја почитува.
Бектеши останува на ставот дека министерствот постапувало според законите и процедурите и додаде дека во изминатите 15 години ниту една државана институција не дала негативно мислење за доставената документација од концесионарите на „Иловица“.
Тој најави дека очекува концесионерот да поведе спор против државата и пред Управниот суд, но и арбитража и ја префрли топката кај другите државни институции од кои побара да донесат акт со кој правно ќе се заштити државата.
Доколку актот се донесе, „Еуромакс“ ќе остане без двете концесии, вети Бектеши.
Бектеши ги повика колегите од Влада да објаснат како биле изманипулирани со оглед дека дека истите документи се презентирани на двете седници.
Според министерството за економија концесиите се живи и доколку повторно добијат барање за спојување на концесиите исто ќе постапат. Околу рокот за доставување на документи, барем за првата концеси Бектеши тврди дека повторно течат поради одлуката на Управен суд од март годинава со која првата концесија се враќа на „Еуромакс“.
Она што е јасно е дека со измените на законот за минерални суровни со кои се предвидува рудникот да биде оддалечен најмалку 5 километри и да не се користи сулфурна киселина и цијанид во процесот на екстракција на злато од рудата што неколкукратно го зголемува чиењето на самиот процес, „Еуромакс“ мора да изготви сосема нова студија за влијание врз животната средина.