(Видео) Верижен судир на 200 возила во Кина

Едно лице загина во верижен судир на автопат, во кој учествуваа околу 200 возила во централниот кинески град Женгжу, објави државната телевизија ЦЦТВ.

На снимките од воздух се гледаат автомобили, комбиња и камиони натрупани на дел од автопатот во густа магла. До несреќата дошло поради слаба видливост поради магла, јавуваат државните медиуми.

„Во средата наутро имаше ненадејна акумулација на магла на мостот на Жолта Река во Женгжу, што предизвика сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе возила“, соопштија властите додавајќи дека едно лице загинало.

Голем дел од повредените останал заробен во своите возила, а противпожарната служба испратила 11 возила и 66 пожарникари на помош, јавија државните медиуми, пренесе „Индекс.хр“.