(Видео) Британската телевизија GBN за мигрантите: „Ќе ве стационираме во Македонија, таму може да работите“

Темата за мигрантите деновиве е во фокусот на македонската јавност. Во програма на британската телевизија Great Britain News беше емитувана дискусија во која новинари и гости зборуваа за можност мигранти, за кои Велика Британија нема правна основа да ги задржи или врати во нивните земји, да бидат пренасочени кон Северна Македонија како работна сила.

Во студиото, новинарката Линда Доберли објасни дека Британија се соочува со ситуација во која ниту може да ги задржи овие лица, ниту да ги депортира, поради безбедносни ризици во земјите од кои доаѓаат.

„Ние не можеме да ги држиме овде, велиме не можете да останете во Обединетото Кралство, но не можеме ниту да ги вратиме од каде што се дојдени. Затоа им велиме дека ќе бидат стационирани во Северна Македонија, каде што ќе можат да работат, каде што има потреба од работна сила и да изградат живот таму. Тоа не е скапо за нас, поскапо е да ги оставиме овде“, рече пратеникот, Бери Гардинер

Во продолжение, пратеникот Бери Гардинер ја образложи тезата дека Македонија би можела да биде земја-домаќин за лица кои немаат право на престој во Британија, но не може да бидат вратени назад.
„Шемата за Македонија е да ги праќаме луѓето за кои ќе одлучиме дека немаат правна основа да останат во Велика Британија. Но не можеме да ги вратиме, зашто таму каде што би ги вратиле е преопасно, објави Скопје1.мк.