(Видео) Бојаџи: Деца на црвената буржоазија ја уништија кинематографијата
- Така го уништија грандиозниот „До Балчак“ на Столе Попов. Филмот не доживеа премиери не доживеа дистрибуции, ништо. Го уништија Столе Попов. Следнот беше Милчо Манчевски. Гледате како тоа се случува етапно. Чекор по чекор. И ние најпосле мора да разбереме дека не смееме да бидеме заложници на салијеризмот и на лукративниот интерес на 4-5 луѓе внатре во ДФУМ кои во последните 25 години сите заедно потрошиле околу 80 милиони евра за различни филмски и телевизиски прокети. Каков е повратот? Тие луѓе 25 години имаат свои продукции со еден вработен. Замислете, малата и сиромашна Македонија во нив вложила преку 80 милиони евра, а тие не успеале да одржат продукции и со еден вработен, вели во интервју за „Трилинг“, режисерот, сценарист и продуцент Јани Бојаџи.
„Кај нас има салијеризам. Во Македонија има една група на 4-5 луѓе внатре во друштвото на ДФУМ кои себе си од позиција на моќ, тоа се деца на црвената буржоазија, си земаат за право да определуваат ко во Македонија е уметник и кој во Македонија воопшто може да снима. Нивната дрскост и нивниот салијеризам( поривот на еден уметник да уништи друг уметник, за само тој да остане како траг во времето дека постоел како уметник), тие луѓе прво го уништија Столе Попов, пред десетина години, со филмот „До Балчак“. Секој кој може нив да ги загрози како уметници, како творци, тие буквално го уништуваат.
– Така го уништија грандиозниот „До Балчак“ на Столе Попов. Филмот не доживеа премиери не доживеа дистрибуции, ништо. Го уништија Столе Попов. Следнот беше Милчо Манчевски. Гледате како тоа се случува етапно. Чекор по чекор. И ние најпосле мора да разбереме дека не смееме да бидеме заложници на салијеризмот и на лукративниот интерес на 4-5 луѓе внатре во ДФУМ кои во последните 25 години сите заедно потрошиле околу 80 милиони евра за различни филмски и телевизиски прокети. Каков е повратот? Тие луѓе 25 години имаат свои продукции со еден вработен. Замислете, малата и сиромашна Македонија во нив вложила преку 80 милиони евра, а тие не успеале да одржат продукции и со еден вработен, вели во интервју за „Трилинг“, режисерот, сценарист и продуцент Јани Бојаџи.
-Тие не развиле студија, не промовирале дебитанти, не помовирале нови вредности, не промовирале ниту еден костимограф, сценограф, композитор, ниту една додадена вредност. Се што направиле било лукративно. Земале средства од општеството, снимале филмови такви какви што снимале, никој во Македонија не ги видел тие филмови и се случува тоа што се случува.
Бојаџи во разговорот спомнува и еден куриозитет.
„Пред седум години, пред тие луѓе да ги земат сите полуги преку Друштвото за филмски работници во Агенцијата за филм, Агенцијата за филм имала 9,5 милиони евра годишен буџет. На последниот ден од нивното владеење, на партијата СДСМ, буџетот беше 2,5 милиони евра. Значи тие луѓе кои се блиски и некои нивни родетиле се членови на СДСМ, не успеале и нивната влада да ја убедат дека има потреба да се финасира кинематографијата, па така од 9,5 милиони евра кои ги наследиле од владата на ВМРО-ДПМНЕ, тие буџетот го симнале на 2,5 милиони евра, додава Бојаџи.
„Таа кинематографија која беше оригинална и препознатлива, врв на таа препознатливост се делата на Столе Попов и Милчо Манчевски, повеќе не постои зошто во последните 20 години Македонија како дел од европската идеја за кинематографија влезе во водата на нарачки. Така што во последните 20 години во Македонија се случи да се снимаат филмови по нарачки. Тоа се нарачки конструирани врз идеолошки премиси на ЕУ преку нејзините инструменти за финансирање на кинематографија, смета Бојаџи.
„Општо гледано, секој автор има своја животна тема која ја стекнал низ раѓање, воспитување, образование и низ некаква животна прагма. Во таа смисла низ објективот сакам да ја раскажам својата приказна – за живото, за луѓето, за нештата, за состојбите околу мене. Воопшто за сите оние нешта кои на еден или друг начин доаѓаат, минуваат низ мене и низ мојот емоционален и рационален орган кај мене поттикнуваат некакви пориви да ги раскажам како приказни.
– Така што, во принцип, низ објективот накерата и низ објективот на животот сакам да ги раскажам моите животни приказни вели за магазинот „Трилинг“ режисерот, сценарист и продуцент Јани Бојаџи.
Говорејќи за тоа која е тајната за успехот на еден филм, Бојаџиев вели дека многу веројатно е дека нема тајна. Во историјата на филмот, додава Бојаџи, се случувало и проекти за кои однапред прогнозите биле дека станува збор за големо дело тоа да не биде така.
„Исто така, има многу случаи кога проекти кои биле потценетиотфрелни и на некој начин не привлекувале внимание однапред, на крајот истите тие да бидат вистински уметнички дела, со меморија до ден денешен.. Така што во најголем случај нема тајна за тоа како се прави филм, освен една единствена, тоа е најважната состојка како и во многу други дела – љубовта.
– Исто така, во мојата работа за добар филм се смета дека се важни три работи: првата е добро сценарио, втората е добро сценари и треата е добро сценарио, вели Бојаџи.
Во глобални рамки како и впрочем целото општество, уметноста како огледало на општествената стварност е пред голема раскрсница, смета Бојаџи.
„Мислам дека ние во овој момент го живееме климаксот на промените во светот како глобално општество и во општата светска идеја за тоа што е уметност. Реално ние во последните 40 години живеевме во едно време во кое главно се создаваше нарачана уметност, колку сега и тоа да звучи чудно, но 90% од светската кинематографија беа нарачки од општествени, економски и политички центри на моќ. Во последните 40 години во Европа и во Америка општествените, економските и политичките центри на моќ беа во взаемна врска, така што ние 40 години живеевме во време во кое, тврдам, 90% од сѐ што беше произведено во Европа и во САД во филмската индустрија беа нарачки.
– Во овој момент мислам дека ја живееме промената во која уметниците ќе бидат оставени самите на себе си, вели режисерот Бојаџи.
Во контекст на изјавата на бугарскиот режисер проф. Дјулгеров кој всушност и бил професор на Бојаџи и во една прилика рекол „дека кога ќе се најдеш на раскрсница помеѓу вистината и приказната, тргни по приказната, тука ќе пронајдеш некоја вистина, нашиот соговорник вели дека секогаш кога ќе дојде на раскрсница помеѓу вистината и приказната, секогаш тргнува кон приказната.
„Да не се лажеме, во нашата професија, во филмот и во телевизијата вистината е непотребна работа. Според мене вистината е преценета работа. Од секогаш човекот сакал повеќе да слуша приказни отколку да ја слушне вистината. Во таа смисла јас како раскажувач на приказни, како режисер, секогаш тргнувам по приказната, а не по вистината“, вели Бојаџи.
За тоа колку македонската кинематографија е уникатна и дали е доволно препознатлива надвор од границите на државата, Бојаџи спомнува неколку причини кои мора да се елаборираат за да се разбере што се случува во овој момент, сега.
„Македонската кинематографија од првата секунда кога е настаната, од првиот кадар на браќата Манаки е нешто што е пригинално, уникатно и функционално. Посебно оригинално. Во времето кога ние живеевме заедно во просторот наречен Југославија, македонската кинематографија беше нешто што е идејата самата за себе си и беше препознатлива како нешто многу оригинално, многу уникатно. Од Трајче Попов, Бранко Гапо преку Кирил Ценевски, Столе Попов и Милчо Манчевски.
-Ако погледнеме реално, сите тие автори се додадени едни на други. Сите заедно црпат, пијат од еден извор. Тоа е Македонија како идеја за светот, македонската култура, традиција, фолклор, обичаи. Сите филмови, погледнете ги најважните македонски филмски остварувања. Од „Црно семе“, преку „Црвениот коњ“, до „Тетовирање“, „Пред дождот“…на што почиваат тие – на Македонија како идеја, на традиција, култура, фолклор, ритуали.
Според него, ако се знае дека се реализирани околу 200 филмски проекти во последните 20 години, заклучокот е дека ние сме инвестирале во нешто кое никому не било нужно.
„Според мене она што треба да го направиме е да се вратиме на самите себе си. Да ги раскажеме своите приказни“, вели Бојаџи.
Целото интервју со режисерот Јани Бојаџи погледнете го во видеото.