Новинарот Миле Бошњаковски беше дел од владиниот кабинет на Зоран Заев, па беше генерален секретар во кабинетот на Стево Пендаровски. Вечерва беше гостин во Трилинг во улога на автор на филмот „Се извинувам Кежаровски тука живее?“ кој на 25 јуни ќе биде премиерно прикажан.
„Немам амбиции да се вратам во новинарството, таа приказна заврши во 2004 година. Пишувам и ќе пишувам, од тоа немам намера да побегнам. Документарецот може да го гледате низ призмата на новинарски производ, за настан за кој сметам дека беше исклучително важен за професија на која сум и се посветил, а ја почитувам неизмерно“ вели Бошњаковски.
Во 2013 година беше уапсен новинарот Кежаровски, а Бошњаковски вели „Кога го завршив документарецот, дојде време за промоција, дел од луѓето кои работеа на документарецот ми рекоа дали може да не не напишеш со име и презиме на крај, луѓе кои треба да ги добијат тие заслуги. Од 2013-та тие работи не се заборавени. Целосно погрешно. Амбиентот во државата севкупно беше променет“.
„Доколку јас како автор на документарецот треба да извлечам заклучок, дали правдата е задоволена, ќе одговорам делумно. Кежаровски формално правно е рехабилитиран, ама траумите остануваат. Во однос на правдата и се останато. Можеби ќе проработи некоја грижа на совест кај некого, па ќе рече едно извини“ вели Бошњаковски.
Тој напомена дека соработката со Томислав била сложена, сакал да влезе во затворот во Шуто Оризари.
„Беше емотивно тежок момент, ама немаше притисоци од политички гарнитури“ вели тој.
За тоа дали Кежаровски е задоволен од документарецот, вели „мислам дека има елементи дека е задоволен од сработеното“.