
Празничната магија пристигна во скопската Зоолошка градина! На Божиќ, во ЗОО се роди мало јагне, кое веднаш ги освои срцата на вработените и посетителите.
Од ЗОО информираат дека малечкото е здраво и полно со енергија, а мајката внимателно се грижи за него. Вработените истакнуваат дека ваквите „празнични бебиња“ секогаш носат посебна убавина и радост во празничниот период.
Посетителите во наредните денови ќе можат да го видат новиот жител на ЗОО, кој веќе предизвикува насмевки и убаво расположение, особено кај најмалите.