За политичките актуелности вечерва во „Трилинг“ разговараме со Стефан Богоев, поранешниот градоначалник на Општина Карпош, потпретседател на СДСМ и директор на Царинската управа.
На прашањето зошто средбата со премиерот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Богоев вели дека тоа е исклучиво за техничката влада, па затоа нема потреба од медиуми. На средбата нема суштински одлуки, туку средба од технички карактер.
Не постои идеја за македонска влада без ДУИ. Таква идеја ниту сме разгледувале, ниту ќе разгледуваме. Не е битно со кој е, битно е владата да споделува исти вредности. Моментално има блок кој споделува европски вредности, блок на кој драго ми е што јас припаѓам. Од друга страна има анти-НАТО блок, претходно беше анти-ЕУ блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тука се кристализираат работите, вели Богоев.
Според Богоев сега е исто како во времето на „режимот на Груевски“.
Богоев жестоко го нападна Мицкоски за изјавата „Ако треба уште 100 години нема да бидеме членка на ЕУ“ и според него одговорен политичар не смее да дава такви изјави.
Ја разбирам црната листа на САД кои се, тврдам, најлојален и најдобар стратешки партнер на Македонија. Ја гледам само како поттик дополнително да се охрабрат судовите и обвинителствата, вели Богоев.
Тој гланиот проблем во нашата држава го посочува во судството.
Црната листа на САД треба да биде поттик за судовите без страв и без пристрасност да судат. Судовите не се сами и имаат стратешки партнери зад нив, заклучува тој.
Коренот на секој проблем според Богоев е во судовите, а тој посочува дека многу предмети „стојат во фиока“. Затоа имаат 3 отсто рејтинг, кратко заклучува Богоев.
Новинарот Чомовски потсети што ветуваше владината коалиција и ветинг на сите нивоа. Тука се спомнаа изјавите на Груби и Пендаровски.
Пендаровски вели ветинг на сите нивоа, во поширок контекст. Тој вели ветинг на сите нивоа, но прво кај нас политичарите. Тоа можеби и не е така лош пристап. Еве јас како директор на Царинска управа и потпретседател на СДСМ, ако почне таков процес прв ќе се пријавам да бидам волонтер. Имам чиста совест, немам проблем, знам дека предводам институција која ја поврзуваат со сомнителни работи, еве јавно кажувам, доколку има законски можности, се нудам да бидам прв, вели Богоев.
За ДУИ-зацијата тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ работи за тоа.
Не е точно дека владее ДУИ наместо СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ пробува скриено да врати меѓуетничка поделба и анти-албанска политика, вели Богоев.
Богоев даде позитивни зборови по трагедијаата со Вања и Панче: „Целата приказна е комплетирана за пет дена. Да направиме паралела со Мартин Нешковски“, додава тој и дава компарации за изјавата.
За Палевски, нашиот гостин вели дека тој одамна не е активен во СДСМ.
Откако сум дел на СДСМ тој човек не е активен во СДСМ, тој е фронтмен во политики кои ги нема нашата партија, потенцира Богоев.
На крајот на интервјуто Богоев дава калкулации за идната влада и Талат Џафери технички премиер.
Богоев е убеден дека СДСМ ќе победи, а вели дека народот не го сака „филмот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“. Не пропуштајте!