(ВИДЕО) Битиќи: СДСМ заличи на клиентелистичка партија – ова е последна шанса за концепциски промени!
➡Корупцијата е системски проблем, не е само личен проблем на одредени луѓе, но бидејќи они дојдоа на власт со укажување дека ќе докажат, смета дека многу брзо тоа треба да го направат и мислам дека најдобар доказ за тоа би било кога Кривичниот законик, согласно и Извештајот на ЕК, треба да биде променет. ➡ За скандалот со ИПАРД очекувам брза разврска, независно кој се е вклучен во овој процес, независно од политичките чинители, независно од одредена поврзаност со одредени структури на било која власт или политичка партија. ➡Поразот на парламентарните избори можеби се должи на внатрешната недоволна организираност, занемарување на идеолошката матрица на партијата и вредностите во партијата, земање на тоа што не е својствено на СДСМ, а тоа е станување на партија која што е повеќе клиентелистичка наспроти вредносна партија. ➡ Ова е конечниот момент на сериозни концепциски промени во партијата ако сакаме навистина СДСМ полека да се врати таму каде што и е местото, а тоа е да владее со државата. ➡Реформите не вклучуваат само име и презиме, туку реформите вклучуваат целосно внатрешно реконфигурирање на начинот како се функционира, вели за магазинот „Трилинг“, поранешниот потпретседател на СДСМ и пратеник, Фатмир Битиќи.
„Ние веројатно како општество премногу прејудицираме дека имаме хронични состојби кои никогаш не се докажани и ние нашироко зборуваме. Но еве сега ние за првпат имаме пример во којшто не е веќе озборување, туку на дело фатени одредени луѓе коишто се дел од коруптивна зделка во еден од предметите и прашањето во Обвинителството ќе биде да веднаш постапи и докаже дека не е само еден. Поинаку, сите разговори од типот дека таа и таа институција е корумпирана, но во реалноста никогаш до крај не е отидено и не е докажано паѓаат во вода. Ние мораме да имаме примери во коишто ќе покажеме дека вистински сакаме да се бориме против организираниот криминал и корупцијата“, вели за магазинот „Трилинг“, Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер, прашан за тоа зошто доцни или ја нема правната сигурност и политичката одговорност, како и за коруптивните скандали во платежната агенција кои не се акутни туку хронични.

За тоа дали откривањето на скандалот во владините редови со криминал околу европските пари покажува дека е ранлива и владејачката пирамида на ВМРО-ДПМНЕ пред налетот на апсолутна власт, Битиќи вели дека тоа покажува дека не само владејачката пирамида на ВМРО-ДПМНЕ, туку и во другите сегменти, во целата коалиција недоволно се внимавало на кадрите коишто се поставуваат.
„Тоа покажува дека корупцијата е системски проблем, не е само личен проблем на одредени луѓе, но бидејќи они дојдоа на власт со укажување дека ќе докажат, смета дека многу брзо тоа треба да го направат и мислам дека најдобар доказ за тоа би било кога Кривичниот законик, согласно и Извештајот на ЕК, треба да биде променет. Казнивоста да биде соодветно на тие коишто постапуваат спротивно на вредностите за коишто сите сме полни со укажувања“, вели Битиќи.
„Јас не сум многу запознаен со случајот и на вклучените страни. Знам само дека нерешавањето и одолговлекувањето ќе направи уште посериозен проблем во општеството, особено во секторот на земјоделие, кај одредени луѓе коишто се занимаваат и веќе имаат договорни обврски. Штетата ќе биде повеќекратна од тоа што го слушаме во овој момент. Можно е и Европската Унија целосно да го раскине договорот“, вели Битиќи прашан за тоа каква разврска очекува во случајот со ИПАРД фондовите.
„Дури и јас смета дека тоа што сме го имале како еден од исчекорите, а тоа е направено во време кога ова владејачко мнозинство не било, а тоа е да имате независно управување со ИПАРД фондовите, да ти се одземе од Европската комисија. Тоа ќе значи годишно некаде 100, 120, 130 милиони евра секоја година да се одземаат средства, а бидејќи императив ни е еден ден да бидеме земја членка на ЕУ, тие средства се бројат во милијарди секоја година. Затоа јас вела дека очекувам брза разврска, независно кој се е вклучен во овој процес, независно од политичките чинители, независно од одредена поврзаност со одредени структури на било која власт или политичка партија“, вели Битиќи.
Говорејќи за тоа дека мината година веднаш по поразот на парламентарните избори си поднесе оставка од потпретседателската позиција во СДСМ и дали смета дека актуелното раководство треба да го следи неговиот чекор, Битиќи вели дека тие што го знаат, знаат дека тој секогаш се води од лична одговорност.
„Јас во тој момент почувствував лична и морална одговорност и поднесов оставка од позицијата на потпретседател. Јас сметам дека секој, особено затоа што СДСМ било познато и е познато да во нејзе учествуваат луѓе кои што се со високо интелектуално мнение, високи морални вредности, веруваат во вредностите на социјалдемократијата и во принципите на владеење, да они, секој од нив сам одлучи неодложно дали има одредена одговорност во резултатот којшто е на локалните избори. Јас велам дека не секогаш треба да го вперуваме прстот на колективните органи на управувањето. Можеби во колективните органи на управување не сите подеднакво се одговорни за одредените резултати“, вели Битиќи.

На прашањето дали постои судир помеѓу сегашното раководство на СДСМ и пратеничката група, Битиќи вели дека судир не постои, но има некогаш несогласување околу ставови.
„Јас сум еден тие кој што знае понекогаш да бидам гласноговорник на несогласувањето и сметам дека тоа е убавината на политичката партија СДСМ, но секогаш после разговори сме нашле заеднички јазик за да ги претставам интересите на, во случајов политичката партија, и на вредностите кои ги носиме.
-Поразот на парламентарните избори можеби се должи на внатрешната недоволна организираност, занемарување на идеолошката матрица на партијата и вредностите во партијата, земање на тоа што не е својствено на СДСМ, а тоа е станување на партија која што е повеќе клиентелистичка наспроти вредносна партија.
-За локалните избори се зависи какви беа очекувањата. Јас го очекував овој резултат. Некоја внатрешна желба беше да имаме еден глас повеќе од парламентарните избори. Но земајќи го предвид малиот одзив на гласањето беше за очекување дека ќе имаме ваков резултат. Кога овој резултат би се повторил на парламентарни избори сметам дека е навистина за загрижување и затоа сметам дека ова е конечниот момент на сериозни концепциски промени во партијата ако сакаме навистина СДСМ полека да се врати таму каде што и е местото, а тоа е да владее со државата, оти очигледно дека капацитетот на владеење со државата пости таму.
-Јас сметам дека реформи мора да има. Реформите не вклучуваат само име и презиме, туку реформите вклучуваат целосно внатрешно реконфигурирање на начинот како функционира“, смета Битиќи.

Говорејќи за економијата и за тоа какви ќе бидат ефектите од економскиот и социјален модел на ваквото функционирање, Битиќи вели дека ние следната година ќе ги видиме првите последици на ваквото однесување.
„Каматните плаќања веќе преминуваат на сериозна буџетска ставка. Некаде 2% од БДП. 9,7% се капиталните инвестиции во буџетот, а околу 2% се каматните стапки за задолжувањето. Ако на ова ги додадеме и новите задолжувања, моето предвидување е дека за две години ние ќе плаќаме отприлика 4% од БДП само на камати и провизии од задолжувањата. Во структурата на буџетот тоа е далеку повеќе, затоа што 300 милиони евра каматни плаќања, во структурата на буџетот од 6,7 милијарди не се 2%, туку се далеку повеќе, некаде над 4%. Ако ти креираш буџет во кој 4% ги фрлаш, а 9% ти се капиталните инвестиции има сериозен проблем среднорочно во државата. А гледаме од друга страна дека приходите не баш многу растат, особено приходите кои треба да кажат дека има сериозна добра деловна активност. И тогаш ваквите разговори треба да бидат битни за иднината на државата. За жал тоа не го гледаме и за жал јас сум сериозно загрижен што ќе правиме за две години од денеска. Не за следната. Следната е сериозно тешка година. Но што за две години од денеска ќе зборуваме, во 2028 за каков буџет, за какви политики и како ќе се справуваат.
-Во економската понуда што ја имавме на парламентарните избори во кој јас бев еден од оние што ја подготвуваа, ние зборувавме за минимална плата од 500 евра, значи ние ќе имавме таква минимална плата, а сега гледаме дека некои земји допрва носат такви одлуки, и заокружување на мандатот воден од СДСМ со 800 евра минимална плата, со императив до над 900 при влез во ЕУ, затоа што нашите проекции беа дека до 2030 би станале земја членка на Европска унија, вели Битиќи.
Целиот разговор погледнете го во видеото.