Вечерва во „Трилинг“ ни гостува Битиќи, а ова се дел од поентите во вечерашната емисија.
Со вицепремиерот разговараме за поскпаувањето на струјата, даночните политики, платите на функционерите, „Чебрен“ и останати актуелни политички прашања.
Тој вели дека граѓаните не треба да бидат загрижени за евентуалното поскапување на струјата бидејќи тоа ќе се однесува само на „најимотните граѓаните“.
Најголемиот број на корисници на електрична енергија не треба да бидат загрижени за цената на струјата. Имено, тие што се во тарифата 1 и 2 се некаде од прилика 97,8% од корисниците, повторувам дека само во блок тарифата 3 и 4 треба да има интервенции, но само кај оние кои трошат повеќе. Тие влегуваат во граѓаните кои се и поимотни.
Вицепремиерот вели дека треба да се изготви законска долгорочна методологија за пензиите.
Во продолжение може да го погледнете исечокот: