„Изет Меџити избега од нас, тој беше еден од гласноговорниците против казиното, но сега тој е штитеникот на овој бизнис. Имавме внатрешни недоразбирања со тогашните министри, никогаш не сме се изјасниле дека ја напуштаме ДУИ“ вели Блерим Беџети, координатор на пратеничката група на коалицијата „Европски фронт“ во најновото издание на Трилинг.
За тоа што е целта за организирање на протести, Беџети со став „Нас граѓаните Албанци не гласаа и една од формите за изразување револт и ако бараат протести – ќе има протести. Тоа е демократски чин, ние се изјаснивме“.
Во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ беше победник на изборите, а СДСМ и ДУИ го прекршија Мајскиот договор и правилото победник со победник. За ова Беџети вели „Да, така е финалниот чин. Ние тогаш преговаравме со тогашниот мандатар, и затоа не дојде до формирање Влада“.
„Ние ја почитуваме волјата на Македонците кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Не сакаме да бидеме исти како некои други кои сакаат да оспоруваат. Треба да збориме за сериозни теми во оваа држава. Секој ден имаме скандали. Албанците секој ден го изразуваат своето незадоволство од одлуките. ДУИ кога добива легитимитет нормално е да го артикулираме гласот на Албанците. Ние сме легитимен претставник на Албанците. Дестабилизација во државата носат погрешните одлуки на ова мнозинство, за тенденција имаат дефакторизирање на Албанците во институциите“ вели Беџети.
Вели дека „ДУИ е спремна во една јавна стручна дебата да видиме како е направена приватизацијата, колку посто Албанците биле во институциите за да можат една таква криминализација да има од страна на ДУИ, апсолутно е невистина дека има криминализација. Некој друг водел институции“.
Факт е дека ДУИ две децении беа на власт, а на тоа Беџети вели „СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ 30 години се на власт“. Кој ги спречувал ДУИ кои 20 години беа на власт во Македонија и зошто не е реализиран процесот на ветинг, Беџети со став: „Треба да се има поддршка од сите партнери, ДУИ била сама во таа определба, за жал сме немале партнер за ваков процес. Тие канцерогени дејства да се елиминираат и државата да не пати од таква болест“.
За законот за бранители и закон за УЧК, дали може да се направи споредба, Беџети е дециден дека „и двете страни ја бранеа државата, тоа се докажа во пракса. УЧК ги бранеше правата на Албанците. Примат не треба да се имаме ни Албанците кон помалите заедници, ни пак Македонците кон Албанците“.
Беџети рече дека нема да одговори на прашањето на Трилинг – Дали Али Ахмети создава своја империја и верна олигархиска структура која треба да ги легализира провизиите и црните пари?
„Ова нема врска, Али Ахмети цел живот е поборник за правата на Албанците. Многу ангажиран во интегративниот процес. Се извинувам, ама на вакво прашање не вреди да одговорам. Олигархиските структури се во коализија со друга партиска структура во моментов. ДУИ никогаш не работи зад грб“ рече Беџети.
За тоа дали ДУИ може да влезе во Владата, а ВРЕДИ да е надвор од Владата, ќе каже „Кадрите во ДУИ од мандат во мандат се различни. Ние работиме за Македонија да има поголеми резултати во сите сегменти на општеството, сметаме дека треба да се реши дилемата, и да има смисол демократијата“.