
(Видео) Беџети: ВРЕДИ се измеќари на Мицкоски – потребни се предвремени парламентарни избори
🔴 Говорејќи за тоа дека владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ не така драматично или трагично го разбираат заминувањето на Таравари од „Илинденска“ бр.2, Беџети вели дека за жал постои еден пристап - „заложници на наративот“, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ кои ги излажаа граѓаните од македонска етничка припадност - дека никогаш Северна, ќе смениме тоа и тоа, што не се случи и сега целиот дефокус сакаат да го насочат кон ускратувањето на правата на Албанците. ЗНАМ кој многу чудно и многу неполитички вели дека се таму за да не се уценува Владата, делот од ВРЕДИ се класично уценети измеќари и ништо повеќе. Веќе во оваа Влада нема албански претставници. И тоа не е здраво и ни за самиот премиер, ни за самата победничка партија, ни за Македонците. Реално треба да се ставаат нештата разумно и рационално за доброто на државата. Ваков пристап повеќе од јасно е дека Албанците не го прифаќаат и ние цело време укажуваме дека жестоко ќе враќаат. Жестоко ќе биде и во Собранието. На средбите со граѓаните, во структурите на партијата, има една огромна мобилизација, тоа го покажуваат и анкетите. После парламентарните избори во континуитет ДУИ е водечка политичка сила во државата“, оцени Беџети.
„Тоа е еден добар чин и е за поздравување што крилото на Таравари ја напушта оваа Влада без етнички легитимитет. Се надевам, но не сакам во нивно име да коментирам, дека увиделе на анкетите на јавното мнение дека апсолутното мнозинство на Албанците не се задоволни што ние и пред формирање на оваа Влада го укажувавме. Не само од партијата на Таравари туку повикувам и сите пратеници поединечно да размислат и да го напуштат ова владино мнозинство кое со сите постапки е многу штетно за државата и Албанците како и за сите граѓани. Од етнички карактер е многу штетно и ризично, ризичниот пристап на оваа Влада која иако нема легитимитет преку некои измеќари кои ги сметаме за малкумина и сѐ уште се обидуваат да манипулираат дури и во нивните редови, сметаме дека крајно време е сите пратеници да ја откажат довербата на оваа Влада, вели Блерим Беџети, координатор на пратеничката група на Европски фронт околу шпекулациите поврзани со заминувањето на Таравари од Владата.
Околу прашењето дали Арбен Таравари е новиот лидер на опозицискиот фронт, Беџети вели дека за поздравување е што тие ја напуштиле Владата.
„Тој е лидер во сопствените редови во сопствената партија и реално нашиот фронт ние го имавме и го добивме мнозинството, но ситуацијата налага во овој момент, бидејќи е пресериозно, да видиме како ќе се одвиваат понатамошните настани.
За тоа дали има потврда за понатамошна соработка на релација Таравари – Ахмети – Села, координаторот на пратеничката група на Европски фронт вели дека во политиката има реченица „никогаш не вели не“.
„Досега нема таква ситуација, но логично е некогаш опозиционите партии да комуницираат и да наоѓаат допирни точки за соработка. Претпоставувам дека никој од власта не бега од добро. Уште еднаш ќе укажам дека тие што ја напуштиле Владата го виделе и утврдиле она што ние цело време го укажуваме, вели Беџети.

Тој смета дека во овој момент Таравари и Ахмети ги спојува пристапот на Владата која секој ден се обидува да ги ускрати правата на Албанците.
„Тоа треба да ги спои сите избрани пратеници да се приклучат кон идејата за предвремени парламентарни избори и да се стави легитимитетот на маса и во практична ситуација. Спојката е многу лошиот, негативен пристап на Владата, не само кон Албанците туку и кон државата во целина“, смета Беџети.
Говорејќи за тоа дека владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ не така драматично или трагично го разбираат заминувањето на Таравари од „Илинденска“ бр.2, Беџети вели дека за жал постои еден пристап – „заложници на наративот“, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ кои ги излажаа граѓаните од македонска етничка припадност – дека никогаш Северна, ќе смениме тоа и тоа, што не се случи и сега целиот дефокус сакаат да го насочат кон ускратувањето на правата на Албанците. ЗНАМ кој многу чудно и многу неполитички вели дека се таму за да не се уценува Владата, делот од ВРЕДИ се класично уценети измеќари и ништо повеќе. Веќе во оваа Влада нема албански претставници. И тоа не е здраво и ни за самиот премиер, ни за самата победничка партија, ни за Македонците. Реално треба да се ставаат нештата разумно и рационално за доброто на државата. Ваков пристап повеќе од јасно е дека Албанците не го прифаќаат и ние цело време укажуваме дека жестоко ќе враќаат. Жестоко ќе биде и во Собранието. На средбите со граѓаните, во структурите на партијата, има една огромна мобилизација, тоа го покажуваат и анкетите. После парламентарните избори во континуитет ДУИ е водечка политичка сила во државата“, оцени Беџети.
Околу ставот на лидерот на интегративците Али Ахмети – сите ќе излеземе на улица, Беџети прави паралела.
„Ставовите на нашиот претседател се потврдени и како водач и како лидер и неслучајно ја има таа поддршка. За жал, јас укажав и од собраниска говорница, ставовите од спротивната страна кај македонскиот дел што ги доби изборите имаат работа со еден непотврден водач од нивна страна кој друго им ветуваше пред изборите, но сега очигледно е дека ги излажал, односно не може да го испорача тоа. Предноста на Ахмети е што е потврден лидер во тоа што го кажува и го ветува. На спротивната страна за жал има сѐ уште, иако е победник на изборите, еден непотврден водач, лидер кај македонскиот блок“, смета Беџети.
За растечкиот криминал кој се идентификува со т.н „дуизација“ на општеството, од некaзнивост до општествена aгрeсивност, сомневањата за криминал од функционери на ДУИ, координаторот на пратеничката група на Европски фронт, Блерим Беџети, смета дека се работи за ПР што ова парламентарно мнозинство сака да го скрие. Пактот Мицкоски – Заев и некои вазали од оваа групација што се нарекуваат ВРЕДИ а во суштина (не)ВРЕДИ е пред изборите. Сакаат да го заменат со поранешните термини – националистички, сепаратистички иредентистички пристап и сега има една очигледна тенденција на злоупотреба на државните органи која произлегува од непочитувањето на легитимитетот, од гласот на Албанците и сакаат пред јавноста и меѓународниот фактор да покажат една тенденција дека ДУИ се корумпирани. На секој му е јасно дека политичката моќ на оваа држава е во канцеларијата на премиерот. Е сега премиерите не биле корумпирани, но биле министрите или некои директори. Ова не поминува кај никого. Ова е тенденција да се сее магла во јавноста за да се прикриваат овие антиалбански тенденции, а можеби и времето ќе покаже што се случува со работењето на актуелните функционери.
-Уште еднаш ќе повторам и тоа сите граѓани го знаат, сите институции, но и меѓународната јавност е дека се почнува од премиерската канцеларија. Минатото тоа го покажува. Се работи за една чиста тенденција за дефокус. Ние сме сведоци дека има тенденција за Законот за јазиците, Балансерот, дијаспора, нема веќе многу нешта кои произлегуваат од Рамковниот договор и не може така лесно тоа се да помине или па ако ја гледаме последната трагедија во Кочани каде што се сака да се насочи целиот гнев кон поранешни министри од ДУИ, а актуелните министри и директори, како и кочанската власт да немаат никаква вина. Поверува некој граѓанин? Тоа е голема трагедија. Сите изразија сочувство, но требаше да се преземе моралната одговорност.
Целото интервју со координаторот на пратеничката група на Европски фронт, Блерим Беџети погледнете го во видеото.