(Видео) Беспилотни летала ја нападнаа Москва

Најмалку два објекти се оштетени но нема жртви во напад со дронови врз Москва. Руското министерство за одбрана тврди дека беспилотните летала се соборени во воздух, како и дека штетата е настаната при пад на остатоси од соборените летала.

Според информациите на руските медиуми еден од дроновите паднал во непосредна близина на Министерството за одбрана.

Ова е втор напад со дронови на Москва овој месец, а при претходниот привремено беше затворен меѓународниот аеродром „Внуково“.

Денешниот инцидент следува откако Володимир Зеленски се закани дека Украина ќе се одмазди за вчерашното ракетирање на Одеса, при што беше уништена најпознатата црква во градот.