(ВИДЕО) Ајдини Јегени: Клиентелизмот и трката по пари ги изместија вредностите, се прави бизнис и во уметноста!

➡ Теута Ајдини Јегени смета дека дисциплината, културата, професионализмот недоволно доминираат насекаде вклучително и во театарот. Таа вели дека клиентелизмот и трката по парите на некој начин ги изместија вредностите. ➡ Политиката за свои поени е онаа што создава поделби, анимозитет еден кон друг, додава Ајдини Јегени.

„Вера е една универзална жена за која само што го добив сценариото се најдов себе си во неа. Јас верувам дека многу жени ќе се најдат во таа улога, бидејќи не опкружува истото општество, истите проблеми кај и да сме. Вера е една силна жена, јака и моќна. Вера со нејзината мирна, спокојна душа успева да разоткрие се и да го прикаже најлошото во општеството, криминалното подземје и да открие и во блиското семејство што се случува и сето тоа на свој начин да го разоткрие и да го доведе до публиката како нешто немило што не опкружува нас“, изјави за магазинот „Трилинг“, актерката и добитничка на овогодинешната награда 11 октомври, Теута Ајдини Јегени, која со филмот „Вера сонува море“ на косовската режисерка Калтрина Красниќи ги доживеа френетичните аплаузи на Венецијанскиот фестивал, запрашана што е блиску помеѓу филмската Вера и театарската Теута и колку сценариото за овој филм, за посттранзициски борби на едно семејство и една жена, го препознава периодот што веројатно сѐ уште трае и по три децении самостојна држава.

Запрашана каде се противречностите со тоа време и ова денес што ни се случува, односно актуелниот миг, Ајдини Јегени вели дека нема некоја противречност и мисли дека треба уште доста време некои работи да се оддалечат од нашето секојдневие.

„Секојдневно читам немили настани. Можеби не сум ги пробала лично, но сето тоа што се случува околу мене јас го прифаќам лично бидејќи тука живеам, тука растат моите деца и внуци. Не мислам дека имаме некој голем напредок. Напротив, сега има земено замав.

Околу посланието „Оставете ги драмите на театарските штици и дали денес може да бидеме индиферентни, рамнодушно кон сето она што ни се случува, трагедии, несреќи, разочараност, Ајдини Јегени вели актуелни се војни низ светот, актуелни се немили настани во нашето општество и тоа една испорака кон народот да не се биде индиферентен.

„Ние говориме но не знам колку има слух за тоа и колку допира до оние кон кои е наменето. Ние секогаш ќе бидеме бунтовни, но народот треба малку да се разбуди и да размислува на друг начин. Секој со својата професија, со своите можности да придонесе. Би требало да се променат многу работи, и јас лично преку моите ангажмани некако се мачам да извадам на виделина се она што се случува во општеството. Ние знаме да говориме гласно со нашите драми и трагедии кои ги имаме како продукции во нашите куќи, но тие кои треба да го слушнат ретко доаѓаат. Можеби и доаѓаат но само на пет минути да се сликаат и си бегаат.. Мислам дека тие повеќе треба тоа да го следат и знаат за да би допрело некако“, вели Ајдини Јегени.

Околу нејзината изјава „актерството ме научи да оживеам човечки судбини, да го разликувам добриот од лошиот, да знам кој е добриот, а кој лошиот човек и дали нејзиниот пристап придонесува да се разбијат некои од стереотипите во општеството, Ајдини Јегени вели дека со нејзината возраст, со нејзината сигурност, со големиот багаж кој го има, навистина ја има научено сето тоа да го види.

„Добро разликувам, добро размислувам. Не сум вклучена во политиката затоа што не знам во оваа политика да се снајдам. Секогаш сум имала понуди, но елегантно ги оттргнувам од себе си. Јас знам во политиката да вреднувам човек, а не некој насока по која слепо се оди. Мислам дека дека некако придонесува со сето она што јас можам да го придонесам и сметам дека секој на свој начин би требало тоа да го направи“, вели Ајдини Јегени.

Ајдини Јегени смета дека дисциплината, културата, професионализмот недоволно доминираат воопшто вклучително и театарот.

„Недоволно затоа што мислам дека и во театарот нема таква дисциплина. А целата кривица, ќе започнам од самата моја матична куќа, е во тоа што не се потпомогнува културата, не се инвестира во неа. Јас тука ќе го цитирам познатиот режисер Паоло Маѓиели кој вели „многу е евтина културата, но многу е скапо да имаш некултурен народ, затоа што тој и не знаеш колку ќе те чини“, смета Ајдини Јегени.

Таа вели дека клиентелизмот и трката по парите на некој начин ги изместија вредностите.

„Се прави бизнис и во уметноста. Јас сум многу среќна за себе затоа што никогаш не прифатив да правам бизнис со мојата професија. Не прифаќав и тогаш кога имав најмногу потреба да земам некој денар и да проживеам. Ми се случувало и да имам 20 евра плата кога во едно време преминав во Албанскиот театар во Приштина заради лични околности. Ми се нудеше да играм во едни мали претстави кои добиваа многу , но беа безвредни. Успеав да се воздржам и сум горда денеска на тоа. Затоа што со време вредноста некако ќе се покаже ќе излезе на виделина.

-Вредностите се изместени, бизнисот е корумпиран. На лесен начин се станува бизнисмен, а уметноста останува на истото место. Во времето кога немаше хонорари, живеевме од само една единствена плата, немаше можност да ти ја одземе некој улогата. Сега можеш да се вметнеш некаде, да се прикупиш. Оставаш некоја претстава во својот матичен театар која навистина вреди, а играш во некој безвезна серија. Добро е да се работи, да имаме продукција, но тие да бидат навистина на свое место, а за нив треба средства, а средствата некој треба да ги плати“, вели Ајдини Јегени.

Политиката за свои поени е онаа што создава поделби, анимозитет еден кон друг, вели Ајдини Јегени.

„Највинова е политиката. Обичниот човек не е. Јас живеам во една околина каде сме опкружени Македонци, Албанци, но таму нема никакви поделби. Ние со децении живееме заедно и никој Теута не ја гледа како Албанка, ниту пак ќе ја гледа некако поинаку“, вели Ајдини Јегени.

Целото интервју со Теута Ајдини Јегени погледнете го во видеото.