(ВИДЕО) Атанасовска: Министерот Љутков прави кривично дело со непочитување на судски пресуди
➡Како и со претходната министерка, така и со сегашниот министер, се е настанато со потпишувањето на колективниот договор за култура и неговата имплементација. Па така, во тој период, јули 2020-та, ние останавме скоро три месеци без плата и без здравствено осигурување. ➡Методологијата за пресметка на плата е погрешна уште од самиот старт, уште од 2023-та, бидејќи општиот колективен договор прецизно кажува – основната бруто плата се зголемува за 10%, а не вредноста со која што се пресметува платата, односно минималната плата. ➡Сакаме да постигнеме правда, сакаме да постигнеме почитување на закони, почитување на колективни договори. ➡Тие осум правосилни пресуди коишто се добиени скоро пред еден месец сѐ уште не се имплементирани. Што значи тоа? Тоа е грубо кршење на законот. Судската пресуда е највисоката инстанца којашто треба да се почитува. Непочитувањето на правосилна судска одлука е кривично дело, вели Атанасовска.
„Од страна на Синдикатот ова е втора кривична пријава за министерот. Една кривична пријава има од страна на Синдикалната организација на Филхармонија, во однос на изборот на директор на Филхармонија и случувањата што се случуваа тој период. Но од страна на Синдикатот, официјално, со одлука на Совет на синдикатот од страна на сите синдикални организации, ова е прва кривична пријава за министерот.
-Како и со претходната министерка, така и со сегашниот министер, се е настанато со потпишувањето на колективниот договор за култура и неговата имплементација. Најпрво одредбите во колективниот договор за култура, иако тој беше потпишан во декември 2019-та, почнуваат да важат од јули 2020-та. И тогаш исто така имавме доцнење на платите во културата, бидејќи не беа обезбедени финансиски средства за да се имплементира колективниот договор. Па така, во тој период, јули 2020-та, ние останавме скоро три месеци без плата и без здравствено осигурување. После тоа се реши тој проблем, дојде порастот, усогласувањето со минималната плата, бидејќи колективниот договор во културата предвидува усогласување со минималната плата. Значи како расте минималната плата, така се усогласуваат сите останати плати во културата. И така со усогласувањето на минималната плата исто беше проблем необезбедените финансиски средства за таа намена. Потоа стапи на сила општиот колективен договор за јавен сектор во 2023-та во октомври, што предвидуваше покачување на 10% на платата, значи на основната бруто плата на сите вработени во јавниот сектор, вклучувајќи ја и културата“, изјави за магазинот „Трилинг“ Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот на културата, говорејќи за поводот за кривична пријава за министерот Љутков.

Прашана дали денес се исплатени сите заостанати плати кон културните работници, имајќи ги предвид претходните обвинувања за неисплатени плати, непочитување на колективниот договор, Атанасовска вели дека со потпишувањето на општиот колективен договор настанал најголемиот проблем.
„Со тоа покачување од 10% коешто следуваше на цел јавен сектор, тогаш, тогашната министерка направи еден предлог кој го достави до Синдикатот, да се потпише анекс на колективниот договор, во октомври 2023-та, со што минималната плата, вредноста на минималната плата ќе ја зголеми за 10%, што ги предвидува општиот колективен договор за јавен сектор и да добиеме номинална вредност за пресметка на плата по коефициент ставен во колективен договор.
-Синдикатот за култура тоа не го прифати, бидејќи ние имаме растечка методологија согласно трошоци за живот со минималната плата, и не дозволивме да имаме номинален износ во пресметката на плата. И тогаш наложи на директорите на институциите да изготват решенија за плата, поединечни акти на секој вработен, со коешто повторно истиот принцип – минималната плата зголемена за 10% помножена со коефициент.
Околу тоа дали денес платите им се поблиску до минималната или до просечната плата, Атанасовска вели дека се поблиску до просечната, а на стручните лица и уметниците одат и над просечната.
„Но методологијата за пресметка на плата е погрешна уште од самиот старт, уште од 2023-та, бидејќи општиот колективен договор прецизно кажува – основната бруто плата се зголемува за 10%, а не вредноста со која што се пресметува платата, односно минималната плата. И тука настана најголемиот проблем, што допринесе минатата година во април, платите на вработените во културата да бидат исплатени со намалени 3%“, вели Атанасовска.

Прашана што се сака да се постигне со поднесувањето на кривична пријава, наспроти ставот на министерот кој вели дека обвинувањата се неосновани, Атанасовска вели дека сега е на потег Обвинителството да оцени дали сторил кривично дело – прекршување на права од работен однос и злоупотреба на службена положба.
„Сакаме да постигнеме правда, сакаме да постигнеме почитување на закони, почитување на колективни договори“, вели Атанасовска и додава дека до сега осум тужби кои се поднесени се правосилни и се во корист на вработените во културата.
-Тие осум правосилни пресуди коишто се добиени скоро пред еден месец сѐ уште не се имплементирани. Што значи тоа? Тоа е грубо кршење на законот. Судската пресуда е највисоката инстанца којашто треба да се почитува. Непочитувањето на правосилна судска одлука е кривично дело“, потенцира Атанасовска.
Околу тоа дали денес може да се каже дека платите во културата се мизерни, Атанасовска со одговор:
„Не, денес не можам да кажам дека платата ни е мизерна. Платата ни беше мизерна до пред потпишувањето на колективниот договор за култура. Ние тогаш буквално буквално бевме на работ на преживување. Ако на пример некој интелектуалец во државата, или од другиот јавен сектор земаа, од 30.000 до 33.000 денари плата, вработените во културата земаа по 15.000 денари. Значи бевме на едно многу ниско мизерно ниво и затоа во 2014-та и се формираше Синдикатот за култура, за да можеме да се избориме за своите работнички права и за своето достоинство. И откако се потпиша овој колективен договор, платите во културата пораснаа и сега не можеме да кажеме дека платите се лоши. Платите се доволни за еден нормален живот“, вели Атанасовска.
Целото интервју погледнете го во видеото