(Видео) Арсовска обелодени скандал за ЈП Комунална хигиена: Од една фамилија се вработувале до шесто колено

На крајот од вечерашната вонредна прес конференција во Град Скопје, видно нервозна од моменталната состојба, градоначалничката Данела Арсовска обелидени голем скандал во Јавното претпријатие Комунална хигиена.

„Може да видите, едно презиме, односно една фамилија која што има вработено во ЈП Комунална хигиена се што му е род до шест колено. Од една фамилија има над 40 вратувања, од втора фамилија има над 30 вработувања и овие мафијаши повеќе нема да бидат толерирани од Градот Скопје“, рече Арсовска.

Таа изрази надеж дека институциите ќе продолжат да соработуваат.