(Видео) Арсовска го повика Тошковски да провери изградба на дивоградба во Чаир

Градоначалничката објаснува дека тоа е дивоградба, нотира дека градилиштето е небезбедно, со расфрлани градежни материјали, а таа е во придружба на полиција и инспектори. 

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на теренза да провери на едно градилиште кој поставил подвижен тоалет.

Речиси еден час, градоначалничката стримуваше во живо на Фејсбук, како се расправа со работник, возач на камион, за тоа дали има налог или не.

Стигна и газдарицата која му дава работа на човекот.

Данела објаснува дека тоа е дивоградба, нотира дека градилиштето е небезбедно, со расфрлани градежни материјали, а таа е во придружба на полиција и инспектори.

Но, претходно, кога градоначалничката стигнала на градилиштето, вели дека полицијата одбивала да постапува, па во живо, преку Фејсбук ги повика и полицајците и градежните иниспектори.

Го повика и „господинот Стојанче Ангелов да дојде, да види… сејфти фрст“, по што констатира дека објектот нема потпорен ѕид, а објектот се наоѓал до училиште, каде секој ден поминуваат илјадници дечиња и може да се повредат.

Заклучува дека од Општина Чаир секој ден од тука си поминуваат и „мува не ги лази“.