
Фудбалерите на Арсенал на најдобар начин ја прекинаа серијата од осум порази одноподруго од Манчестер сити, постигнаа гол во 101-та минута, а потоа по подобро изведување на пенали во мечот кој ја најавува новата сезона, во Комјунити шилд.
Топчиите успеаја да се спасат од пораз со гол во 101 минута и тоа благодарение на голот на Тросар.
Претходно, во 77-та минута, Кол Палмер го отвори резултат.
Според правилата, по завршувањето на регуларниот дел од мечот, веднаш се започна со изведување на пенали и тука подобри пеналџии се покажаа Топчиите.
Кевин де Брујне и Родри не успаја да го совладаат Арон Рамсдејл, додека за Арсенал прецизни од белата точка беа Одегард, Тросар, Сака и Виеира.
Ова е вкупно 17-ти триумф на Арсенал во Комјунити шилд.