(Видео) Апокалиптични сцени, страв и паника кај жителите: Нови потреси во Мароко

Посилно тресење на тлото е почувствувано утрово во градот Маракеш, Мароко и околните места. Земјотресите биле со јачина од 4,5 степени според апликацијата Earthquakes, која ја следи сеизмичката активност и испраќа предупредувања до корисниците на паметни телефони.

ЕМСЦ соопшти дека регистрирал земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер на 77 километри југозападно од Маракеш.

Американскиот геолошки институт соопшти дека регистрирал земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри, на околу 80 километри југозападно од градот Маракеш.

На социјалните мрежи се појавија воздушни снимки од ужасниот пустош во Мароко.