
Почитување на законот за застарување на долговите, изготвување правилник, но и кривична постапка за извршителите кои не ја исполнуваат законската обврска, побараа собраните на денешниот протест „Стоп за ивршителите“ пред Министерството за правда, објави Макфакс.
Демонстрантите носеа транспаренти со написи „Ропството не е завршено, само обликот е друг“ и извикуваа: „Апаши, лопови“.
Активистката Ана Глигорова изјави дека живееме во должничко ропство каде од 1000 денари, сметките стануваат 100.000 денари.
„Собрани сме по повод донесениот закон од Собранието во јуни за застарување на долгови и за висината на каматната стапка. Донесен е закон според којшто може ретроактивно да важи застарувањето. Извршителите не го почитуваат и тврдат дека им е потребен образец од Министерството за правда за да можат да се поведат по закон“, рече Глигорова.
Нагласи дека се работи за нешто што е протвуставно и ја поткопува самата држава, а кривични дела прават не само извршителите тукку и нивните надредени.