(ВИДЕО) Антевски: БДП расте од јавна потрошувачка, а не од инвестиции – потребна е промена на правецот

➡ БДП-то е 15 милијарди евра. Убаво е да се слушне, но во Македонија БДП-то е подигнато пред сѐ од јавната потрошувачка, што е многу полоша ситуација од тоа да биде подигнато од инвестиции или приватна потрошувачка. Тоа значи дека сѐ уште земјата се движи во правец на вложување во инфраструктура или производи кои не се со додадена вредност, не се со поголем финансиски раст. Се надевам дека сето тоа ќе се смени во иднина затоа што вака не можеме да продолжиме. Мојата насока како бизнисмен е да се вложува во технологија во приватна потрошувачка и во инвестиции. ➡ Ние ќе се врземе со германската економија во еден период, но како што гледаме дека таа економија полека стагнира, ние мора да побараме нови пазари. Секако дека нема да биде лесно. Секогаш отворање на нов пазар има свои потешкотии, но добрите компании, финансиски стабилните компании ќе успеат тоа да го направат и мислам дека може и подобро да биде бидејќи нема да бидеме врзани само со еден партнер толку многу, туку со повеќе партнери во светски рамки. ➡ Мене ми смета што јавната администрација не работи со такво темпо како што работи приватниот сектор. Ние сите треба да допринесуваме за развојот и растот на оваа наша држава, да допринесуваме раст и развој на сопствените претпријатија. Ми смета тоа однесување на луѓето да не се работно активни, затоа што ние мораме да допринесеме да оствариме профит и да земеме поголема плата, вели Антевски.

„БДП-то е 15 милијарди евра. Убаво е да се слушне, но во Македонија БДП-то е подигнато пред сѐ од јавната потрошувачка, што е многу полоша ситуација од тоа да биде подигнато од инвестиции или приватна потрошувачка. Тоа значи дека сѐ уште земјата се движи во правец на вложување во инфраструктура или производи кои не се со додадена вредност, не се со поголем финансиски раст. Се надевам дека сето тоа ќе се смени во иднина затоа што вака не можеме да продолжиме. Мојата насока како бизнисмен е да се вложува во технологија во приватна потрошувачка и во инвестиции, изјави во магазинот „Трилинг“, Горан Антевски директор на Раде Кончар-ТЕП за тоа кои предизвиците во втората половина од оваа година во ситуација кога сме во изборна година стопанството е на стенд бај.

Говорејќи за светските случувања и најави поврзани со економијата, Антевски вели дека бизнисот во Македонија секогаш е на штрек затоа што не знаете утре што ќе се случи.

„Ние како компании сме секогаш подготвени. Секако дека не плаши ситуацијата во светските рамки, затоа што ќе ги наруши сите токови на набавка на материјали, на продажба, на движењето финансиските средства. Така што очекувам дека треба да се подготвиме за нешто поголемо, барем така се наслушнува во светски рамки. Ние како компанија веќе подолго време се подготвуваме за нови добавувачи и нови продажни места каде што можеме да ја продаваме нашата опрема“, вели Антевски.

Горан Антевски

Околу поврзаноста на германската економија која е во блага стагнација и колку таа економски слика ќе се одрази врз соработката со македонската економија, Антевски вели дека сме поврзани, но тоа треба да не поттикне да побараме нови пазари.

„Да ние ќе се врземе со германската економија во еден период, но како што гледаме дека таа економија полека стагнира, ние мора да побараме нови пазари. Секако дека нема да биде лесно. Секогаш отворање на нов пазар има свои потешкотии, но добрите компании, финансиски стабилните компании ќе успеат тоа да го направат и мислам дека може и подобро да биде бидејќи нема да бидеме врзани само со еден партнер толку многу, туку со повеќе партнери во светски рамки“, смета Антевски.

Околу тоа дека најголем дел од македонските компании многу често се жалат од недостиг на работна сила, Антевски вели дека вложувањето што како „Раде Кончар“ го имаат правено изминатите години во нови технологии, роботизација, дигитализација на производните процеси, вложувањето во инженерскиот и работниот кадар допринело да се задржат на пазарите.

Горан Антевски

Околу најавите за намалување на јавната администрација како и предлогот на дел од административците да им се понуди работа во приватниот сектор и колку оваа идеја е одржлива, Антевски вели дека многу потешко се бара работа во приватниот сектор наспроти јавниот.

„Во јавната администрација гледаме дека седат по кафиќи ресторани, слободни се, додека во приватниот сектор мора да се заработи платата. Треба да се работи најмалку осум часа. Секако, дел од таа администрација има можност да се дообразува, доостручи за да може да работи во приватниот сектор и тоа би било една добра можност за развој на економијата. Трошоците што ги прави јавната администрација се големи и го оптеретуваат буџетот, а и нашите плаќања кон државата.

-Мене ми смета што јавната администрација не работи со такво темпо како што работи приватниот сектор. Ние сите треба да допринесуваме за развојот и растот на оваа наша држава, да допринесуваме раст и развој на сопствените претпријатија. Ми смета тоа однесување на луѓето да не се работно активни, затоа што ние мораме да допринесеме да оствариме профит и да земеме поголема плата“, вели Антевски.

Во интервјуто Антевски говори за случувањата во банкарскиот сектор и за тоа каде и во што во моментов е најдобро да се вложува.

Целиот разговор погледнете го во видеото.