(ВИДЕО) Академик Јовановски: Образованието и науката се двата најважни столбови за една држава, но нема реакција

➡ -На посветата напишавме дека се надеваме дека овој пат институциите и одговорните министерства на Владата, на чело со премиерот ќе се ангажираат да ја проучат стратегијата и да преземат мерки и чекори за подобрување на состојбите во рамките на образованието и науката“, вели проф. Глигор Јовановски.

„Образованието и науката се двата најважни столбови за една држава. Државите коишто навреме сфатиле дека вложувањето во науката не е трошок туку инвестиција за развој се многу поразвиени од нашата држава“, изјави за магазинот „Трилинг“, академик Глигор Јовановски, лауреат на наградата „11 Октомври“.

„Кога славеше МАНУ во 2017, педесет години од постоењето, беше подготвена една монографија којашто се однесуваше на приоритетите на идниот развој на Република Македонија. Се сеќавам, набрзо после прославата, МАНУ беше посетена од тогашниот премиер и ние му ја подаривме книгата, монографијата.

-На посветата напишавме дека се надеваме дека овој пат институциите и одговорните министерства на Владата, на чело со премиерот ќе се ангажираат да ја проучат стратегијата и да преземат мерки и чекори за подобрување на состојбите во рамките на образованието и науката“, вели проф. Глигор Јовановски.

Целото интервју погледнете го во видеото.