(Видео) Академик Беџети: Скептичен сум дека може да имаме 3-4 насто економски раст

-Без да се опуштиме во анализа на другите, најважни компоненти коишто се рок за враќање, каматна стапка, другите услови, начинот до кој степен ќе можат да бидат ангажирани локални компоненти и компании во такви инфраструктурни проекти, генерално во однос на целина може да се оцени како добар аранжман со еден од најзначајните пазари на капитал во светот, изјави за магазинот „Трилинг“ академик Абдулменаф Беџети околу потпишаниот финансиски договор со Велика Британија со кредитен аранжман од 6 милијарди евра во рамки на стратешкото партнерство. 85% извозните компоненти од аранжманите би требало да бидат од Велика Британија. Ова е доста ризична компонента бидејќи не ограничува. Јас не верувам дека ќе оди до тој плафон. Најверојатно ќе се преговара да тоа биде многу пониско, но тие ќе претендираат на тоа, штом го објавуваат тоа како критериум. Тоа значи дека елементите импутите на тие проекти би требало да бидат извозна компонента на Велика Британија. Тоа може да биде голема ограничувачка компонента во делот на импактот на развојот и растот кај нас, потенцира академик Абдулменаф Беџети.

„Бидејќи беше спомнат финансискиот инструмент УКЕФ (United Kingdom Export Financing), тој го произведува владината Агенција за извозот на Велика Британија во соработка со други комерцијални банки. Тие имаат и комерцијална банка која е лидерска банка со која соработуваат, но воглавно како што беше кажано а токму така и е, се работи за Влада со Влада, односно владина Агенција, договор, рамковен, стратешки за капитални инвестиции во инфраструктура и не само таму, затоа што најверојатно ќе има некој компонента за техничка поддршка за изградба на капацитети за управување со проекти, бидејќи ние тука знаме дека ни е слаба точка, така што генерално ако се гледа како земји што соработуваат со овие аранжмани и инструменти на веб сајтот на УКЕФ ќе најдете 65 држави од кои од Западен Балкан се Србија, Бугарија и Хрватска. Инаку таму ги имате и Кина и Русија со кои знаме дека Европа има санкции посебно Обединетото Кралство, но не е Македонија во таа листа и зачудувачки е тоа. Најверојатно не е апдејтиран веб сајтот, што значи дека ќе биде внесена во тој дел што на некој начин дава еден сигнал за сигурноста безбедноста во земјата.

-Така што од оваа гледна точка, без да се опуштиме во анализа на другите, најважни компоненти коишто се рок за враќање, каматна стапка, другите услови, начинот до кој степен ќе можат да бидат ангажирани локални компоненти и компании во такви инфраструктурни проекти, генерално во однос на целина може да се оцени како добар аранжман со еден од најзначајните пазари на капитал во светот, изјави за магазинот „Трилинг“ академик Абдулменаф Беџети околу потпишаниот финансиски договор со Велика Британија со кредитен аранжман од 6 милијарди евра во рамки на стратешкото партнерство.

Говорејќи за тоа дека иако веднаш беше демантирано дека компензација за овој договор со Велика Британија било камп за прием на бегалци и индикативноста околу првата средба на македонската делегација со министерката за гранична безбедност и азил и дали може во еден ваков евентуален договор да има и договор за прием на бегалци како своевидна компензација, академик Беџети смета дека не можат да бидат измешани компонентите од таа гледна точка 9градење камп како што имаме случај во Република Албанија), но најверојатно може да има некои елементи меѓутоа не може да се вклопуваат во ваков тип на аранжман.

„Ова е комплексен инструмент во финансиските деривати којшто е на некој начин со владина гаранција, со владина институција, така што може да се каже дека тој е институционален договор со институциите на Велика Британија во кој не би рекол дека и би имало компензација и вакви услуги“, смета Беџети.

Околу тоа што е она што кај Велика Британија било пресудно за да се одлучи да ни подаде рака и да га одврзе кесето, академик Беџети вели дека тоа не е некоја сума која на некој начин се гарантира за одреден временски период, односно дека ќе биде реализирана за пет години (тие шест милијарди евра). Но како и да е, додава Беџети, првиот сериозен проект е проектот на железница во Коридорот 10, Табановце – Гевгелија за која се предвидува и цела нова траса, но и целосна реконструкција на постојната.

„Се поставуваат прашања дали во ваков капацитет на размена на стоки и услуги има потреба да се утилизира дури и втора траса. Тоа е прашање и треба да се прави длабока анализа, да се вреднува и да се оценува ризикот на ваквиот договор во однос на капацитетот за изведување и завршување на овие проекти, затоа што знаете дека емпириски е докажано кај нас дека имаме дури и децениски проекти коишто никако не можеме да ги тераме напред, од типот на пруга Куманово – Бељаковце или автопатот Кичево – Охрид. Така што од оваа гледна точка мора да се прави целокупна анализа на ризикот што ќе сноси евентуалното не реализирање на овие проекти. Инаку и на веб сајтот на Агенција што ја спомнав, таму се вели до 85% извозните компоненти од аранжманите би требало да бидат од Велика Британија. Ова е доста ризична компонента бидејќи не ограничува. Јас не верувам дека ќе оди до тој плафон. Најверојатно ќе се преговара да тоа биде многу пониско, но тие ќе претендираат на тоа, штом го објавуваат тоа како критериум. Тоа значи дека елементите импутите на тие проекти би требало да бидат извозна компонента на Велика Британија. Тоа може да биде голема ограничувачка компонента во делот на импактот на развојот и растот кај нас, потенцира академик Абдулменаф Беџети.

Фото: Трилинг / Абдулменаф Беџети

Говорејќи за тоа дали ќе можеме да ги сервисираме долговите и формулата ќе се зголеми БДП-то, а ќе се намали учеството на надворешниот долг, Беџети вели дека обично ги гледаме динамиката на растот на БДП и динамиката на растот на долгот.

„Ако ние успеваме да задржиме раст помеѓу 3,5 до 4% која е интенција и која според долгорочната национална стратегија за раст, што сум скептичен во тој дел, барем не просечно на долг рок, тогаш најверојатно тука има и фискален ризик да не речам и солвентен ризик во однос на ликвидноста на реализација на обврските кога ќе стасуваат. Но она што е охрабрувачки тука е подвлекувањето дека нема авансно плаќање, дека ова ќе биде аранжман на заем со речиси најповолни услови од сите досегашни, барем такви беа изнесувањата на потпретседателот на Владата Николоски, и дека каматите дури може да бидат под ниво на инфлација. Ова е ептен оптимистички и да даде Господ тоа така да биде, но малку сум скептичен дека може во вакви услови. Цените на парите на пазарот на капитал се многу повисоки отколку ова што се најавува, вели Беџети.

Околу тоа дали ќе бидеме солвентни да ги отплаќаме досегашните стари долгови а притоа да се задолжуваме и понатаму, академикот подвлекува дека тоа ќе зависи од динамичката стапка на растот.

„Ако ние растеме со 3,5% секако дека нема да има проблем за сервисирање на долговите“.

Говорејќи дали препознава консолидација на македонската економија и проценките на премиерот Мицкоски дека економскиот раст може да се движи помеѓу 3 и 5% и колку неговите проекции генерално дека постепено економски заздравуваме се веродостојни, Беџети вели дека не спаѓа во тој дел на таков оптимизам.

„Веројатно премиерот ги извлекува овие констатации од долгорочната национална стратегија која е усвоена. Проекциите со сите импути што се предвидуваат се предвидува некаде од 4 до 4,5%. Таа анализа е направена преку емпириски пресметки од Денвер Универзитетот во кој ние како МАНУ бевме вклучени во тој дел, но тековно не гледам потенцијал дека може да имаме раст до 5%. можеби имаме потенцијал но не се потребни само материјални импути за тоа. Таму треба и други нематеријални пред и сѐ институционални капацитети. Потоа гледаме какви се состојбите со глобалните економски текови . Нас можеби нема да не погодат тарифите на Трамп директно, но индиректно ќе не погодат тарифите на ЕУ, бидејќи тие директно ги погодуваат земјите на ЕУ, особено Германија и особено автомобилската индустрија. А ние токму тука сме концентрирани и со вработување и со извоз. Тоа значи дека не можеме да сметаме дека факторот извоз више ќе биде носител фактор. Ние пак ќе останеме во делот на внатрешната потрошувачка и владината потрошувачка ако таа биде капитална и носител на растот во нашата економија“, вели Беџети.

Фото: Трилинг / Абдулменаф Беџети

Околу стабилноста на денарот и именувањето на Трајко Славевски за нов Гувернер на Народната банка во околности на непредвидливи светски и политички движења, академик Беџети вели дека основната функција на Народната банка а со тоа и одговорноста на гувернерот никој не очекува дека може да се доведе во прашање макроекономската стабилност во земјата затоа што таа е веќе 30 години поставена.

„Од ’96-та година не сме имале некоја значително нарушена макроекономска стабилност освен во некои ситуации на кризни времиња. Во таа гледна точка народната банка ја има клучната улога, бидејќи мандаторна одговорност на банката е токму зачувување на општото ниво на цените т.е ниско ниво на инфлација. Ова е предуслов за да се влезе во поддршка на растот. Потоа доаѓа кредитно-монетарната политика и другите мерки коишто вообичаено се микс или мешани мерки во однос на фискални и монетарни политики. Ако има координација, комуникација, соработка на Владата претставено преку Министерството за финансии, сега и Фискалниот совет и НБРСМ, за да можат благовремено да се комбинираат политиките каде ќе биде таа точка на оптимална позиција на комбинирање на овие политики, затоа што има неколку точки каде може да стане рамнотежа, но ако имаме рестриктивни монетарни политики, зададено преку импонирање на експанзивни фискални политики тоа е голем ризик затоа што тоа ќе доведе до покачување на каматната стапка. А покачување на катната стапка во секој случај редуцира, не само инвестиции, туку и потрошувачка, смета Беџети.

За тоа дали може да се сопрат банкарските давачки за секундарните услуги на бизнис заедницата па и на граѓаните кои се почесто се жалат на услугите на банките, академик Беџети вели дека тие „провизии“ не може директно да навлезат во нарушување на состојбите, но секако дека мора да се „плафонираат“, односно да се дизајнира сет на мерки во коишто постепено ќе треба д се оптимизираат тие провизии.

-Имаме во некои трансакции енормно високи провизии што на некој начин индиректно ги погодува и граѓаните и компаниите односно економските агенти.

-Многу е тешко економско заздравување дома без европска интеграција. Ние знаеме дека сме мала економија со лимитирани ресурси и многу отворена. Ние сме една од најотворените економии во смисла на размена, но и во смисла на зависност од надворешните фактори, така што да се наслонуваме во смисла на тоа дека можеме да ја преструктуираме економијата, да ја создадеме таа економска независност дури и од структурните фондови, аранжмани, вие знаете дека Планот за раст на ЕУ колку ресурси има и колку може да се повлечат, во наредните години има други структурни реформи од типот на ИПА, меѓународна соработка, да мислиме дека можеме изолирано да функционираме е илузија и не гледам друга алтернатива. Нема алтернатива од зачленување во Европската Унија, потенцира Беџети.

„Сите економски и не само економски, туку и општо општествени состојби покажуваат дека сите земји кои се зачленети во ЕУ добивале огромна поддршка и го подобриле нивниот стандард на живот“, вели Беџети.

Целиот разговор погледнете го во видеото