(Видео) Адеми: Обидите на Уставен за мајоризација е брутално кршење на Уставниот поредок
- Не постои опасност од прекројување на границите, бидејќи ние сме дел од НАТО. Сите тие што имале такви сонови кон Република Северна Македонија, од моментот кога станавме членка на НАТО тие сонови веќе завршија, додава Адеми.
Деновиве топ тема се разви околу тоа дали лидерот на ДУИ, Али Ахмети, иницирал и била одржана средба во „Вила Водно“ за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски и негово амнестирање. На оваа тема во септември 2023 во интервју за емисијата „Трилинг“ тогашниот претседател Стево Пендаровски потврди дека таква средба имало.
„Најповикан да одговара на вакви прашања е екс претседателот на државата, бидејќи. Јас го познавам претседателот Ахмети и во ДУИ преовладува став дека владеење на право, почитување на законите се основните принципи. Јас не сум информиран дека имало средба за амнестирање на Груевски“, изјави пратеникот Арбер Адеми, еден од најблиските соработници на Ахмети на прашањето дали тој бил информиран за наводно барање на Али Ахмети за враќање и амнестирањена екс премиерот Никола Груевски во Македонија.
„Јас не сум информиран дека постоело ваква средба. Сигурно дека сите политичари или дипломати се уште се во Северна Македонија, така што би било подобро да ги прашате директно актерите. Јас знам дека ДУИ секогаш се залагала за владеење на право, за почитување на законите и почитување на институциите, како и обезбедување на европска перспектуива за сите граѓани, вели Адеми и додава дека не е вистина дека лидерот на ДУИ пратил емисар во Будимпешта да побара согласност од Груевски за моделите за враќање дома.
„На ова прашање веќе имаме одговорено како политичка партија така што ги отфрлам овие гласини“, рече Адеми.
– Во јавноста секакви изјави и ставови сме слушале за Кривичниот законик. Јса мислам дека и од разговорите што ги имам со политичари од различни политички партии тоа го поддржаа, за да се елиминира просторот за злоупотреба од страна на власта и од страна на било кој кој има влијание, за жал, врз судството, обвинителството, за да се направи некоја политичка хајка врз одреден политичар, така што една од тие одредби, ако се осврнеме на членот 353 став 5, не постои во голем број земји кои се во ЕУ, така што не била намерата за да се амнестира Груевски или било кој друг, бидејќи ако гледаме внимателно можеме да заклучиме дека актуелни политичари придобивале од овие измени, затоа што биле во некоја постапка пред судовите. Целта и намерата е да се имаат ефективни норми од Кривичниот законик, а не да се остави простор за некаков политички прогон, смета Адеми.
СДСМ обвини дека поразот кој го доживеаја на изборите е резултат на сервилниот однос на претходното раководство на партијата кон ДУИ и поради нахалноста на ДУИ за време на практицирањето на власта со дуизација на институциите, Адеми смета дека тоа не е точно, бидејќи заедно со СДСМ биле и од 2002 до 2006 и од 2017 до 2020 кога СДСМ победи на изборите, а била партнер токму со ДУИ.
„СДСМ треба да рефлектира, „mea culpa“ длабоко треба да надвладее кај партијата и причините за поразот да ги бараат во сопствените редови. Партнерството се базираше на договорот постигнат помеѓу Ахмети и Заев, така што ДУИ играше коструктивна и продуктивна улога во владата со СДСМ. Добри работи се направени и во смисла на стратешката определба на државата, но и внатре во земјава се направија добри работи, добри проекти кои се значајни за граѓаните.
-Поразот, по мое мислење, е врз основа на националистичката политика, реторика и дискурсот кој владееше во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Мисалм дека тоа контрапродуктивно за целото општество. Ако ние би се воделе како ДУИ и би имале таков пристап и такви политики, дискурс пред јавноста, да знаете дека никој не би можел да не победи и воопшто не би имале опонент во албанскиот политички блок, Но што ни носи тоа:Ништо нема да ни донесе. Ние треба да бидеме свесни, не едно да велиме додека сме во опозиција, а друго додека сме на власт. Сега и за Преспанскиот договор слушнав дека се оценува како големо ремек дело, од „Никогаш Северна, само Македонија“ сегасе почесто слушаме Република Северна Македонија. Сметам дека граѓаните не заслужуваат да ги лажеме, да сееме лажен патриотизам и мислам дека тука СДСМ патеше од ваков дискурс и политики кои ги наметнуваше ВМРО-ДПМНЕ, за нив продуктивни како партија, но за државата и општеството мислам дека биле непродуктивни и до ден денес се непродуктивни.
– Гледате, ние се одвоивме од Албанија. Тие ја оддржаа втората меѓувладина конференција со ЕУ. Ги отворија поглавјата, а каде сме ние, а први бевме во регионот. Од 2005 имаме статус на земја кандидат и токму поради ваквиот пристап и заради лажниот патриотизам ние сега сме последни во целиот регион, а бевме први, и пред Хрватска кон ЕУ интегративниот пат. Како Албанец ви велам дека ја сметам Република Северна Македонија како своја татковина, јас со моето семејство и децата живееме тука, немаме друг пасош, друго државјанство и сакаме да придонесеме директно, да напредуваме, а не да се барикадираме во некои лажни патриотски дискурси, кои не би ни носеле ништо добро. Затоа сметам дека СДСМ патеше од ваквиот дискурс и ваквата пропаганда која се одвиваше не една година, две, туку цели седум години.
– Воопшто не била проблем ДУИ. Се сеќавате и за Уставните измени и од позиција на власт рековме ОК, веднаш ќе дадеме колективни оставки. И дадоа сите министри и заменици, бидејќи тоа беше барањето на ВМРО – дека ќе гласаат за Уставните измени, ако ДУИ ја нема во владата. Веднаш, истиот ден, додека траеше прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ние рековме дека ќе дадеме оставки и тоа утредента се оствари. Депонираи се оставките во архива. Знаете зошто? Приоритет над приоритетите е европската перспектива на нашата заедничка татковина. И сега ако Али Ахмети би се одлучил каков пристап да има – со патриотизам, фолклор итн. бидете сигурни дека не би имало опонент во албанскиот блок, а сите би имале проблем во општетвото, во државата, во политичкиот живот, бидејќи ДУИ би имала сама околу 30 пратеници.
Спикерот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите вели дека процедурата за Уставни промени може да почне во Собранието веќе до крајот на оваа година. Сметате ли дека оваа владејачка гарнитура, ќе успее да ги протурка и ќе ги протурка Уставните промени, за да го деблокира македонскиот пат кон ЕУ? Новата еврокомесарка за проширување порача дека да се изгласаат Уставни промени – „ништо повеќе, ништо помалку“ и македонскиот пат кон ЕУ ќе се отвори.
„Тоа ние го велиме цело време. Овие години се изгубени години, за жал, заради што? Само заради борба за власт. А кој пати? Граѓаните патат, Јас, виде сите други патиме. Денеска, од денешна перспектива, тие што биле најголеми противници на Преспанскиот догвор, велат дека тоа било ремек дело. Истите тие луѓе што биле против Уставните измени и оставање на Република Северна Македонија сама, отфрлена од пакетот заедно со Албанија, и тогаша кажале дека измени не се проблем. Ако не се проблем, тогаш зошто да не се поддржат и од денешна перспектива, кога меѓуетничките односи за жал ни се влошени.
-Кој сака да ја дестабилизира државата? Тие што велат дека Македонија треба да се врати кај Македонците ии тие кои се залагаат за задржување на меѓуетничкиот карактер и еднаквоста во државата? Тие што велат дека треба да се почитува волјата на граѓаните или тие кои сакаат да ја потиснуваат волјата на 40% од граѓаните т.е. немнозинските заедници. Кој сака да ја дестабилизира државата – тие што му наредуваат на Уставниот суд да се укине срцетот на Охридскиот мировен договор, а тоа е елиминирање на изразување на етничката припадност или ние кои сме го воспоставиле тоа и сме го држеле унитарниот карактер на државата и мултиетничкиот карактер на нашето општество. Кој сака да ја дестабилизира државата – тие коишто му наредуваат на Уставниот суд да се поништи албанскиот јазик или ние коишто сме се бореле и сме го оствариле официјализирањето на албанскиот јазик внатре во државата и македонскиот јазик во ЕУ. Македонскиот јазик сега е официјален јазик во ЕУ. Кој сака да ја дестабилизира државата – тие што секој ден работат за поништување на заштитните механизми за немнозинските заедници или ние кои се бориме, сме се бореле за да има еднаквост и функционална меѓуетничка демократија во државата. Кој сака да ја дестабилизира државата – тие кои со децении се бореле против интегрирањето во ЕУ или ние кои сме отвориле пристапни преговори и сме ја држеле првата меѓувладина конференција со ЕУ. Тие кои беа против НАТО или ние кои ја зачленивме земјата во НАТО и сега сите велиме дека тоа е најпатриотскиот чин, водејќи сметска за сите геополитички околности.
„Јас сум правник и сум имал многу средби во последно време со адвокати, Македонци по етникум и тие го споделуваат истиот став – одлуката на Уставниот суд за елиминирање на изразувањето на етничката идентификација е спротивно и е брутално кршење на Уставниот поредок на државата. Најслабиот правник тоа може да го заклучи. Ова што го направи Уставниот суд, тие не се свесни каква одлука донеле. За жал има универзитетски професори. Јас сум мислел дека кај тие луѓе веќе се надминати предрасудите и обидите за мајоризација“, изјави Адеми на прашањето дали со нивните видувања и атак врз Уставниот суд, всушност се прави притисок.
„Ние во Уставот имаме начело кое сме го донеле заедно, за жал по една војна која сме ја имале во Македонија, а тоа е правичната застапеност. И сега со оваа одлука кој е донесена ние ќе се соочиме со апсурдни ситуации во иднина. Ете на 22 ноември, бидејќи сега според Устаниот суд институциите немаат право, Вас, мене, било кој друг да го прашаат за етичката припадност, сите би можеле да седат дома и да го слават 22 ноември, а не само Албанците, бидејќи било која институција не може веќе да ги праша граѓаните што си по етникум. Кај го има ова? Донесена е апсурдна одлука. Значи веќе нема етнички заедници, има само „граѓанинот“ во центарот на сите случувања. Тоа каде го има? Ве советувам – прашајте било кој правник, оф рекорд, и коментирајте ја одлуката, од авион се гледа апсурдноста и политичката мотивација, а не професионалната, за да се донесе таква одлука само за да се минира Охридскиот мировен договор.
– Не постои опасност од прекројување на границите, бидејќи ние сме дел од НАТО. Сите тие што имале такви сонови кон Република Северна Македонија, од моментот кога станавме членка на НАТО тие сонови веќе завршија, додава Адеми.
Целото интервју со пратеникот Арбер Адеми дадено за „Трилинг“ погледнете го во видеото.