(Видео) Адеми: Нема да бидеме опозиција, а не сум слушнал некој да асоцира на ДУИ поврзано со криминал во државата

„Во овој мандат то што се случува во Собранието е без преседан. Блокирањето стана правило, а нормалното функционирање стана исклучок. Сите комисии раководени од опозицијата, треба да проверите зошто за некои предлог закони никогаш не е свикана седница. Нели треба преку дискусија пратениците да заземат став. Речиси 100 закони се блокирани, воопшто не се свикани за да се разгледаат. Ги предизвикувам новинарите да направат анализа зошто се случува ова“ вели во најновото издание на Трилинг потпретседателот на владејачката ДУИ – Арбр Адеми.

Тој смета дека „Уште во 2009-та Али Ахмети наброја 12 позиции тогаш недостижни позиции за немнозинските заедници. Добар дел, 90% од тие позиции биле или се раководени од Албанците, никаков зијан не и се случи на земјата. Талат Џафери според искусни политичари Македонци е најдобриот претседателот на Собранието. Ахмети настапува со прогресивна идеја, чекор по чекор стигнавме и до позиција претседател на државата. Сега претседател се избира на непосредни избори, но не е со целосен легитимитет, затоа е намален прагот од 50% на 40% излесност. Кој е легитимитет на еден претседател кој може да издвојува победа со 21% гласови, а кој е легитимитетот со двотретинско мнозинство и со Бадинтерово мнозинство“.

На прашање дали ДУИ е подготвена за опозициско делување по избори доколку не се исполни ветувањето претседателот на државата да се избира во Собрание, Адеми вели „ова е дежа ву прашање како во 2020-та кога настапивме со предлог прв премиер Албанец. Талат Џафери не е технички премиер, таков поим не постои. Ние мислиме дека на граѓаните треба да им нудиме прогресивни решенија. Не значи наметнување, надгласување. Зошто ДУИ да биде во опозиција ако ја ужива поддршката на граѓаните. Ние во 2006 видовме дека институциите не можеа да функционираа. Не гледам зошто би имале отпор кон некоја прогресивна идеја“.

На прашање дали постои опасност да пропадне изборот на идниот шеф на државата, и дали ДУИ притаено работи да се анимира членството на тивок бојкот вели „Бојкотот не е соодветно решение, одговори Ахмети. Треба да бидеме рационални“.

„Нема да бидеме опозиција, ќе ги добиеме изборите. Ние уште во овој мандат рековме ајде широка влада и имавме предизвик од ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за уставни измени, без ДУИ. Прифативме. За нас е битна иднината на државата. Кај одиме со популизам и национализам. Уставните измени треба да ги носиме час поскоро. Без калкулации, колку ќе добијам, колку ќе изгубам како партија“ рече Адеми.

На прашање дали по парламентарните избори е возможна Влада на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, тој вели „имаме црвени линии, битен е Рамковниот договор, Преспански договор, Договор за добрососедство на Бугарија, независноста на Косово. Се појавуваат политички партии кои сакаат да го отрујат народот со лажен патриотизам. Само не треба да потпаѓаме на стапицата на популистите“.

„Кој се залага повеќе од ДУИ да бидеме дел од ЕУ, не сум слушнал некој да асоцира на ДУИ поврзано со криминалот во државата“ порача тој.