(Видео) Агонијата на Нејмар, Бразилецот објави видео од рехабилитацијата

Нејмар се здоби со тешка повреда минатиот месец. Бразилецот во настапот за репрезентацијата ги скина вкрстените лигаменти на левото колено и ќе биде долго време надвор од теренот.

Фудбалерот се повреди во поразот на Бразил од Уругвај, а на теренот плачеше додека му се укажуваше помош.

Тој беше опериран на почетокот на овој месец, а операцијата траеше четири часа. Нејмар ќе отсуствува од терените повеќе од шест месеци, а за првпат објави видеа од агонијата низ која минува.

Тој е снимен како плаче и го моли докторот да престане да ја лекува оперираната нога.