(Видео) Автомобил со српски регистрации се запали на автопатот Гевгелија – Скопје

Видео: Press24.mk

Автомобил со белградски регистарски таблици се запали денеска на патот Гевгелија – Скопје.

На пожарот му претходела силна експлозија, по што автомобилот се запалил.

Во автомобилот имало две лица кои за среќа не се повредени.

Причината за несреќата сѐ уште не е позната.