
Автомобил синоќа слета во реката Ибар на патот Рожае – Бач во Црна Гора, а при оваа страшна сообраќајна несреќа загинале тројца малолетници А.М., С.М. и И.Д., додека лекарите се борат за животот на Ф.Д..
На Фејсбук страницата на „Радио Телевизија Рожае“ се објавени видеа од местото на несреќата, откако автомобилот бил извлечен од реката.
Трагедијата се случила на место каде што автопатот не е обложен со банкина, место што е познато по слични несреќи со смртни последици.
Екипата на противпожарната служба ги извлекувала телата на загинатите тинејџери и повредениот млад човек од згмечениот автомобил.
Денеска и утре во градот е прогласен ден на жалост, по повод смртта на тројцата млади луѓе.
Страотната сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22:30 часот.
Четвртиот млад човек кој е тешко повреден е пренесен во болница.