(Видео) Авион со 62 патници се урна во град во Бразил

Патнички авион со 62 лица се урна во Бразил, јавија локалните медиуми.

Авионот кој одел кон меѓународниот аеродром Гуарулхос во Сао Паоло се урнал во градот Винхедо, недалеку од Сао Паоло.

Во авионот имало 58 патници и четворица членови на екипажот.

Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винхедо, но не соопштија повеќе детали.

На местото на несреќата се испратени противпожарни бригади.

Бразилската телевизиска мрежа GloboNews, исто така, прикажа снимка од голема површина во пламен и чад што доаѓа од авионскиот труп во станбена зона полна со куќи.