(Видео) Авионот што принудно слета во Белград имал дупка на трупот и оштетено крило

Авионот кој синоќа полета од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ за Диселдорф и принудно слета кусо потоа имал технички дефект, но се појави видео од авионот со дупка на трупот, јавува „Н1“.

Пилотот на авионот набргу по полетувањето побарал веднаш да слета, а „Ер Србија“ соопшти дека причините за принудното слетување се од техничка природа.

Во меѓувреме, на социјалната мрежа „Икс“ се објавени неколку видеа и фотографии на кои се гледа дупката во авионот.

Поточно, дупка може да се забележи на трупот на авионот на „Marathon Airlines“, кој лета за „Ер Србија“.

Како што споделија на социјалните мрежи дел од патниците кои биле на овој лет, авионот извесно време кружел и потоа слетал.

Според информациите на социјалните мрежи, во авионот имало повеќе од 100 патници, пренесува „Н1“.

„Ер Србија“, исто така, објави дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.