(Видео)Турски коментатор „експлодираше“ по мајсторијата на Ѓулер
Репрезентацијата на Турција ја потврди фаворитската улога и славеше над дебитантот Грузија со 3-1 во првата средба од денешната програма на Европското првенство.
Ова беше дуел одбележан од атрактивни голови, а еден од нив беше дело на талентираниот Арда Ѓулер. Членот на Реал Мадрид даде евро гол во 65 минута за водство на неговата селекција од 2-1, мајсторија со која донесе голема радост на сите сонародници вклучувајќи го тука и новинарот Озкан Озтурк.
Тој буквално „експлодираше“ по ремек делото на Арда во Дортмунд.
Spiker Özkan Öztürk'ün Arda Güler'in golünü yaşadığı o an. 🇹🇷 pic.twitter.com/6fLiwHFvVD
— BPT (@bpthaber) June 18, 2024