
Гневот, очајот и беспомошност од неколку годишното малтретирање, тепање, веројатно било причина два млади животи прерано да згаснат.
Трагедијата што се случи во понеделникот ја потресе јавноста.

„Присилено самоубиство“ – трагедијата на прерано згаснати два животи, како резултат на долгогодишно насилство.
Колку треба човек да е гневен и беспомошен за 31-годишната мајка Ивана, заедно со својата 7-годишна ќерка Катја да се фрлат од шести спрат?
„Колкав ли е тој очај за да отидеш во смрт со своето Чедо!“, пиша на својот Фејсбук профил Винка Саздова, писател и издавач .
„Како семејство не ги познавав многу. Мајката беше многу тивка, секогаш гледаше во земја и детето беше до неа. За таткото знаевме дека е пожарникар. Цела зграда знаевме дека во тој стан имаше насилство. Кавги има секаде, но ова беше видливо насилство.
-За ваков чин да направи мајката, претпоставувам дека не гледала никаков излез“, изјави за „Трилинг“ Тања Спировска, соседка на жртвите кои ја потресоа македонската јавност.

„Не би избрзувал со заклучоците дека ние се движиме кон нов глобален или нафтен ценовен шок.
-Точно е дека со овие случувања на Блискиот Исток неизвесноста значајно поранса, но ако ги погледнеме брзите индикатори, како што е цената на нафтата или берзанските движења, ќе видиме дека нема панична реакција“, вели за „Трилинг“ вели Марјан Петрески, универзитетски професор.
„Во контекст на цените и шоковите ризокот постои и е зголемен, но сепак треба да бидеме внимателни. Дали ќе дојде потреба од ребаланс на буџетот во контекст на овие кризи е многу рано да се каже“, додава професорот.

Цената на гасот вртоглаво расте. Прашање е како тоа ќе се одрази врз работењето на ТЕТО Топлификација, енергенсите за РЕК Битола и ТЕЦ Неготино и дали со новите цени гасот сѐ уште ќе биде алтернативна енергија, го прашуваме во „Трилинг“ Бајрам Реџепи, поранешен директор на „Номагас“
„Цената на природниот гас се покачи за 50% од почетокот на војната во Иран. Цената на нафтата е покачена околу 17%, но трендот е секојдневно да се покачува.
-Добро е што на северната хемисфера каде што одиме кон пролет. Да се случеше ова пред грејната сезона ќе имаше влијание“, вели Реџепи.
Во магазинот интервјуа со дел од членовите на масонската ложа.
Погледнете го новото издание на „Трилинг“